* 23 мај 2017 г. Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов беше одликуван од Патријархот на Руската православна црква Кирил, на свечена церемонија што се одржа во храмот „Христос Спасител” во Москва, на претседателот Ѓорге Иванов му ја врачи наградата „Неговата Светост Патријарх Московски и на цела Русија Алексеј Втори” со која е одликуван за 2016 година.Престижната меѓународна награда која му се доделува на претседателот Иванов претставува признание на неговите заложби во зајакнување на меѓу-православните односи, улогата на религијата во општеството и воспоставување, односно јакнење на принципите на верска толеранција.

* 23 мај 1903 година кај селото Градобор на десетина километри од Солун била уништена четата на Атанас Чопката. Четата која броела 16 души била опколена, а борбата траела еден ден. Турците имале еден загинат, од четата еден бил фатен жив додека пак останатите загинале. Четниците откако виделе дека состојбата е безизлезна се самоубиле. Подвојводата Мито од Мутулево најпрво ја скршил својата пушка, а потоа се самоубил со револверот.
* 23 мај 1905.- Со ираде – указ на турскиот султан Абдул Хамид, Власите се признати како посебен народ во турското царство. Поради значењето на овој датум, Лигата на Власите од Македонија го прифати како национален ден.

* 23 мај 1942 – во Солун стрелан е Ташко Караџа македонски револуционер од Егејскиот дел на Македонија. Бил член и професионален активист од пред војната, затворан и интерниран од режимот на Метаксас. Во 1941 година бил функционер на ОКНЕ за Егејска Македонија и секретар на Окружниот комитет на Комунистичката партија на Грција (КПГ) за Катеринско. На 8 април 1942 година е фатен од Гестапо, осуден на смрт и стрелан на 23 мај во Солун.
* 23 мај 1992.- Во Струга во организација на Сојузот на студентите на Република Македонија почна Првата македонска универзијада.
*23 мај 1993.- На Градскиот стадион во Скопје се одигра финалниот натпревар на Фудбалскиот куп на Република Македонија меѓу Вардар и Пелистер, 1:0. Голот го даде Жанко Савов во 83 минута. Вардар стана прв победник на Фудбалскиот куп на Македонија
* 23 мај 1995.- Република Македонија и Украина воспоставија дипломатски односи.

* 23 мај 2015.- Во Скопје на 78- годишна возраст почина познaтиот композитор и музички продуцент Димитар Масевски, кој важешe за еден од основоположниците на македонската забавна музика. Во текот на својата музичка активност, Масевски има продуцирано околу 2.000 композиции





























![23 -1-maj ]orge Ivanov nagraden](https://ilinden-skopje.mk/wp-content/uploads/2020/05/23-1-maj-orge-Ivanov-nagraden-1.jpg)











