24 декември 1861 година во Кукуш е роден Иван Хаџи Николов македонски револуционер, книжар, трговец и еден од основачите на Македонската револуционерна организација.

24 декември 1924.- Во Битола е пуштена во работа првата електроцентрала.

24 декември 1991.- Михаил Горбачов му ја предаде на Борис Елцин командата врз советското нуклерано оружје

24 декември 1861г. роден е Никола Петров Русински, македонски револуционер, деец на ТМОРО, околиски војвода, учесник во Илинденското востание. Завршил подофицерска школа во Софија и бил близок пријател со Гоце Делчев и Васил Главинов. Задоен со идеите на социјализмот, тој го наоѓа своето место во македонското револуционерно движење и безусловно му служи целиот свој живот. Во 1897 година станал четник во првата чета на ТМОРО во Малешевијата, а потоа и во четата на Г. Делчев. Како близок соработник на Делчев, во 1900 година бил испратен во западниот дел на Македонија, каде станал првиот војвода – агитатор во Крушевско, Демирхисарско, Кичевско, Прилепско, Охридско, Струшко, Битолско и Мариово. Учествувал на Смилевскиот конгрес и во Илинденското востание во Битолско. Користел псевдоними како Апостол Скитов, Атила Елонски и сл. Оставил спомени за ВМОРО.

24 декември 1524.- Умре португалскиот морепловец Васко де Гама, кој во 1498 година го пронајде патот до Индија пловејќи околу Африка. Ова придонесе за развој на трговијата меѓу западна Европа и Азија и јакнење на моќта на Португалија. При второто патување во Индија во 1502 година ја воспостави португалската колонијална власт, а во текот на третото умре во Индија.

Претходниот артикал,Историјат на автобускиот превоз – линија број „63“
Следната статијаРАЗВОЈ НА СООБРАЌАЈОТ ОД 1945 до денес

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука