НА ДЕНЕШЕН ДЕН – 24 МАРТ

0
112

-24 март е Светски ден на борба против туберкулозата

-24 март 1949.- Во Скопје е формиран Државниот ансамбл на народни игри и песни на Народна Република Македонија, кој од 2 јуни 1953 година го носи денешното име Ансамбл за народни игри и песни на Македонија “Танец”.

-24 март 1845.- Во селото Лешок, Тетовско, умре Кирил Пејчиновиќ, македонски писател и просветител. Своето образование го започна во манастирската школа во црквата „Света Пречиста Кичевска“, а го продолжи во манастирот Света Гора. Од Света Гора се врати во Марковиот манастир, блиску до Скопје, каде што почна да пишува. Подоцна се премести во манастирот Лешок и таму остана до крајот на жвотот. Неговата дејност има големо значење за македонската литература, пред се затоа што пишуваше и печатеше дела на народен македонски јазик. Негови најпознати дела се „Огледало“, печатено во Будим, во 1816 година и „Утешение грешним“, печатено во Солун, во 1840 година, во печатницата на Теодосија Синаитски. Роден е во селото Тераце, Тетовско, околу 1771 година.

-24 март 1992 година Потполковник Гене Станојковски го одржа првиот состанок со старешините на во касарната Илинден за формирање бригада на АРМ.Тогаш  се изнесени основните визии за формирање на единицата, биле определени должностите на старешините и согледана е состојбата во касарната, истакна Јордев.

-24 март 1997.- Во Скопје започна главната Конференција за првата мултинационална воена вежба, што се одржа во Република Македонија од 11 до 17 мај 1997 година – “Спасител ’97”.

-24 март 1997.- Генералниот секретар на НАТО, Хавиер Солана допатувал во прва официјална посета  на Република Македонија.

-24 март 1998 НАТО ја  бомбардирањето Југославија без согласност на Советот за безбедност на ОН, што е прва масивна НАТО акција надвор од територијата на алијансата уште од нивното основање. Каде се и што прават главните актери на овој срамен чин за западната политика речиси 20 години подоцна„Дојде време за акција”, зборовите на Хавиер Солана, во тоа време генерален секретар на НАТО во март 1998 година, со што на 24 март го означи почетокот на бомбардирањето на Сојузна Република Југославија.Во воздушните напади на Алијансата, на чело со САД, кои без прекин траеја 78 дена, загинаа околу 2000 луѓе, меѓу кои и 89 деца, а тешко беа оштетени инфраструктури објекти, училишта, болници, телевизии, споменици на културата, манастири а животот го загубија околу 2.500 цивили.Според процените, штетата изнесува од 30 до 100 милијарди долари.

-24 март 1999 Над територијата на СР Југославија е соборен американски стелт бомбардер од типот F-117. Ова е единствен случај бомбардер од овој тип да е соборен од непријателски оган откако претходно е детектиран со помош на нискофреквентен радар.

-24 март 2001 од експлозија на бомба при обука загинува со само 21 години ДЕЈАНЧО БОГДАНОВ. Роден е во 1980 година во Чашка, Велешко. Богданов постхумно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р. Македонија. ВЕЧНА МУ СЛАВА.

Претходниот артикал,НА ДЕНЕШЕН ДЕН -23 МАРТ
Следната статијаЕпидемии што го покосија светот

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука