НА ДЕНЕШЕН ДЕН-27 СЕПТЕМВРИ

0
424

 *27 септември 2000.- На врвот на планината Водно (место Крстовар) над Скопје, на православниот празник Крстовден, а по повод одбележувањето на 2000-годишината од Христовото раѓање, е поставен камен-темелникот на МИЛЕНИУМСКИОТ КРСТ.

 *27 септември 2017 година ,Осветен е Крстот на новата црква во градба „Свети Константин и Елена“,во Илинден. Во присуство на голем број верници, во Населба  Илинден на свечен начин беше осветен крстот што ќе биде поставен на новата црква што е во градба, “Свети Константин и Елена”. Осветувањето го изврши Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.

*27 септември 1908.- Вo Солун излезе првиот број на весникот на македонските револуционери „Единство“, што излегуваше под редакција на Димитар Влахов. Излегуваше двапати во неделата. Последниот број излезе на 5 јануари 1909 година. Овој е еден од најпрогресивните весници што се појавија по Младотурската револуција. Се застапуваше за доследно и крајно спроведување на револуцијата, за организирање на демократијата и револуционерните сили против реакцијата. Се бореше против политиката на Егзархијата во Македонија во Одринско

*27 септември 1920.- Во Крушево е роден Таки Хрисик, македонски композитор и музички педагог. Работеше како диригент на хорот “Стив Наумов”. Умре во Скопје, на 15 ноември 1983 година.

*27 септември 1947.- Во Варшава на советувањето на комунистичките партии на СССР, Југославија, Бугарија, Романија, Унгарија, Чехословачка, Полска, Франција и Италија, беше основано Информационото биро на партиите (Информбиро) со седиште во Белград. Информбирото беше распуштено во 1956 година.

*27 септември 1993.- Република Македонија е примена за член на Меѓународната агенција за атомска енергија.

*27 септември 1994.- Република Македонија воспостави дипломатски односи со Португалија и со Кралството Саудиска Арабија.

*27 септември 1994.- Во Скопје е основано Македонско-кинеското друштво за пријателство и соработка.

*27 септември 1995.- Република Македонија е примена во Советот на Европа како 38-ма членка (свечениот прием е извршен на 9 ноември 1995 година)

*27 септември 2001.- Владата на Република Македонија донесе одлука – согласност за распоредување на силите на НАТО „Килибарна лисица“ на територијата на Република Македонија заради спроведување на мисијата за обезбедување дополнителен придонес за безбедноста на меѓународните посматрачи, што НАТО ќе ја извршува врз основа на барањето на Република Македонија.

27 септември 2018 година Почина Благој Истатов македонската фудбалска легендаСвојата кариера ја започна во родната Струмица, есента 1962. година, во тогашната прочуена фудбалска школа на ФК Беласица предводена од Јордан Николов – Бокото и тренерот на младинската екипа Никола Божиќ.До 1970. година го бранеше голот на Беласица, а својата блескава кариера ја продолжи во прилепска Победа. За екипата на Победа, Истатов настапи на 210 натпревари, се до 1973. година кога премина во белградски Партизан.Во три првенствени сезони колку што настапуваше во дресот на Партизан, Истатов одигра 106 натпревари за првиот тим. Од сезоната 1976. до 78. бранеше за холандски Утрехт. Исклучително значаен за холандскиот тим, даде голем придонес во резултатите на Утрехт, а посебно се истакнува неговиот придонес во сезоната 1977. кога Утрехт благодарение на Истатов славеше против славните Феенорд и Ајакс.Спортската и животната приказна на еден од најголемите голмани во Македонија почнува и завршува со неговиот роден град Струмица, со неговата прва и голема љубов – Беласица. Дојде Благој во Струмица, застана пак на голот на Беласица и откако тимот остана без тренер, ја презеде екипата.Седум сезони беше тренер на Беласица и за тоа време струмичкиот фудбал го доживеа својот најголем подем. Како тренер работеше и во ФК Малеш, Дојранско езеро, Вардар, Касторија и во репрезентацијата на Македонија.Благој Истатов е добитник на многубројни признанија и награди. Во 2015. година, Фудбалската федерација на Македонија му додели признание за животно дело.

Претходниот артикал,Учителката Данка Ристовска со своето одд.
Следната статијаНАЦИОНАЛЕН ПАРК МАВРОВО

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука