НА ДЕНЕШЕН ДЕН-28 јуни

0
256

*28 јуни 1849  роден е Младен Дилевски — македонски поет.

*28 јуни 1904 починал Никола Каранџулов — македонски револуционер..

* 28 јуни 1921.- Во Софија, од заведен атентатор на врховистите-платеници на бугарскиот двор, е убиен Ѓорче Петров, една од личностите кој целиот свој живот го посвети на борбата за слобода на македонскиот народ. Тој е еден од најверните идејни соработници на Гоце Делчев и истакнат заштитник на целите и на принципите на Внатрешната македонска револуционерна организација. Иако беше противник за предвремено кревање востание на македонскиот народ, тој зеде активно учество во Илинденското востание од 1903 година. Роден е во Варош, Прилепско, на 2 април 1965 година.

НАУМ ЕВРОВ

*28 Јуни 1887 – По договорот за соработка со српската влада, Наум Евров и Коста Групчев тргнале за Цариград да работат на издавањето на весникот Македонски лист, а Васил Карајовов и Темко Попов тргнале за Македонија. Во Солун, каде што се населил, Попов се поврзал со српскиот генерал конзул. Во Привремената програма што му ја дал Темко Попов побарал да се назначат 12 учители во Македонија кои, по можност, ќе предаваат на македонско наречје. Натаму, во Програмата, се предвидувало сите нивни настојувања да се стремат кон будење на народот од лажната идеја за остварување на Севкупна Бугарија и промовирање на една друга, сосема спротивна: Македонија за Македонците! Освен ова, Попов предлагал во Солун да се отвори читалиште, во кое ќе се зближуваат идеите и кое со текот на времето ќе се претвори во централно друштво. Негови филијали да се отворат во поважните пунктови на Македонија. Покрај барањето во Солун да почне да излегува неделник под надзор на овдешниот генерален конзул, Попов во Привремената програма предлагал да се разгледа и црковното прашање, под што подразбирал вложување најголеми усилби да се уништи Егзархијата, која незаконски постои! И наместо неа да се установи Охридска архиепископија.

* 28 јуни 1895.- Под раководство на македонскиот социјалист Васил Главинов почна да излегува весникот на македонските социјалисти „Револуција“. Покрај Главинов, во раководството на весникот се наоѓаа и познатите македонски социјалисти Димо Хаџи Димов, Веле Марков, Андон Шулев и други. Последниот број излезе на 30 август 1895 година.

* 28 јуни 1880.– Во Крушево е роден Никола Киров Мајски, македонски револуционер и писател. Автор бил на Крушевски манифест. Потекнувал од семејство со револуционерни традиции од охридското село Свиништа. Во 1902  година заминал на учителска должност во леринското село Баница. Следната година се вратил во Крушево каде го затекнало Илинденското востание  во кое братучед му Никола Карев ќе стане претседател на Крушевската република, а тој ќе го состави познатиот Крушевски манифест. Значаен е и неговиот творечки фонд со драмски остварувања и поетски ракописи, посебно делото „За Македонија“. Никола Киров Мајски починал во Софија, во длабока старост, токму на денот на Илинден, 2 август 1962 година. Историски трудови: „Со поглед кон Македонија“, „Епопејата на Крушево“ и други.

* 28 јуни 1914.- Во Сараево е извршен атентат врз австрискиот престолонаследник Франц Фердинанд. Атентатот го изврши Гаврило Принцип, еден од основачите на организацијата „Млада Босна“. Овој атентат го искористија австро-унгарските империјалисти за да ја нападнат Србија. По неприфатениот ултиматум на Австро-Унгарија,таа на 28 јули 1914 година и објави војна на Србија со што почна Првата светска војна.

*28 јуни 1919 Потпишан е мировен договор во Версај, Париз со што завршува Првата светска војна.

* 28 јуни 1922г.Скопскиот дневник „Стара Србија “ги објавил имињата на осудените комити и јатаци од кои осудени на смрт -5комити ,со 20 г. затвор осудени биле 7-мина,со 16 г. затвор, 1 комита со 15 години, 5 комити,со 12 години, 5комити с о 10 години , 28 комити,со 8 години, 13 комити со 7години, 4 комити со 6 години, 2-ца комити со 5 години, 12 комити со 4 години, 1 комита со 3 години,1комита со 2години, 6 комити и со 1години, 1 комита. Сите осудени 92 комити  а време на судењето биле оковани во окови.

* 28 јуни 1932 роден е Драгољуб Ставрев ,Претседател на Град Скопје и македонски политичар.

* 28 јуни 1945.- Во Битола е роден Ристо Ничевски, македонски интернационален шаховски мајстор. Умре во Ереван, Ерменија, на 18 септември 1996 година.

* 28 јуни 1993.- Во Лондон, Република Македонија го потпиша Уставот на УНЕСКО, со што формално стана членка на оваа асоцијација на ООН.

*28 јуни 1995.- Република Македонија и Република Азербејџан воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасадори.

* 28 јуни 2001.- Почина Оливер Китановски (на 21 год.) од Башино Село, Велешко, припадник на МВР на РМ. Тој почина од здобиени тешки рани во борбите на 23 јуни 2001 година против албанските терористи меѓу селата Брњарци и Арачиново

*28 јуни 2018 на 98-на возраст  г. почина Перо Ивановски – Тиквар, беше македонски комунист, учесник во НОВ и на Првото заседание на АСНОМ. Уште како млад кожарски, па потоа и тутунарски работник ја почувствувал експлоатацијата и се вклучил во револуционерните раздвижувања на работништвото во кралска Југославија. . Од септември 1940 до август 1941 година е организациски секретар на ПК КПЈ за Македонија. Во октомври 1940 година бил делегат на Петтата земска конференција на КПЈ. Во 1940 е сменет од ПК од страна на Методија Шаторов – Шарло, но кон крајот на истата година бил вклучен и во работата на МК КПЈ за Скопје, а набргу по расчистувањето со Шарло врши должности и во МК на ПШ на НОВ и ПОЈ за Македонија. По Ослободувањето работел во ОЗНА, а потоа раководел крупни стопански организации (директор на ФАС „11 Октомври“ и на Железарницата во Скопје). Од 1967 до 1973 година бил претседател на Извршниот одбор на Комерцијална банка. На 10 окотомври 2014 година, Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, го одликува Перо Ивановски – Тиквар со „Орден за заслуги за Македонија“   Роден е на 28 април 1920 година.

Претходниот артикал,ЖРК Илинден на турнир во Бања Лука
Следната статијаСОЈУЗОТ ЗА ЖИВОТ организира граѓанско-верски настан

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука