НА ДЕНЕШЕН ДЕН -7 Јануари

0
120

*7 јануари 1958г. „Народниот Дом во Илинден го зафати голем пожар, пожарот го приметила учителката Владанка ,која станувала во домот, а за да не биде сама кај неа спиеела и една нејзина ученичка -Павлина Секуловска,која живеше во блаизина на Домот . Учителката започнала сама да го гаси пожарот , а Павлина одма ги известила нејзините браќа ,а ти селото и војската која беше лоцирана на локацијата на денешен Макпетрол.Така домот од поголеми оштетување беше спасен со помош на војската и селаните.

* 7 јануари 1945 година, на  Божик 1945 година, во касарните во Скопје и Штип се побуниле неколку илјади војници и над 100 офицери. Не биле согласни со наредбата од Белград да заминат на Сремскиот фронт за заштита на Србија. Сакале Македонската војска да замине за Солун, да се ослободат Македонците во Егејскиот дел на Македонија…

Овој бунт од Калето се префрлил на Плоштадот .По што на „бунтот“ се обратиле Светозар Вукмановиќ-Темпо,Лазар Колишевски и Генералот  Михало Апостолски,при што„бунтовниците“биле убедени да се вратат на Кале –во касарните и таму да се договорат за тоа.Во касарните на Кале побунетите војници биле обвинети дека  се“Ванчомихајловисти”, “ВМРО-вци” и “фашисти”. Веднаш ги разоружуваат, уапсуваат и ги затвораат во занданите на старата турска тврдина “Кале”. Во повеќе извори запишани се различни бројки на стрелани официри и војници по тој повод.

* 7 ЈАНУАРИ 1846 во селото Трлис, Неврокопско, Пиринска Македонија, е роден македонскиот великан, митрополитот ТЕОДОСИЈ ГОЛОГАНОВ.„ Ние Македонците немаме толку мака од Турците да ни е жив падишахот, колку од Грците, Бугарите и Србите, кои како орли на мрша се впуштија на оваа наша многустрадална земја и сакаат да ја расчеречат…“ Теодосие Гологанов е еден од активните учесници во создавањето на самостојна македонска црква уште од 1874 година. Со доаѓањето на чело на Скопската епархија во почетокот на последното десетлетие на XIX век, владиката Теодосиј почнал активно да работи за издвојувањето на македонските епархии од составот на Егзархијата.

*7 јануари  1902.- Во Крушево е роден д-р Стерјо Боздов, член на АСНОМ и прв декан на Медицинскиот факултет во Скопје. Умре во Крушево, на 13 април 1987 година.

* 7 јануари 1909.- Формирана е Првата социјалистичка организација во Скопје. Нејзиното формирање имаше големо значење за натамошниот развој на работничкото движење како во Скопје, така и во Македонија. До нејзиното основање не дојде спонтано и случајно. Корените за појавата на социјалистичката мисла во Македонија се јавуваат уште кон крајот на 19. век.

* 7 јануари 1910г. Пуштена е првата електро централа во Скопје ,со јачина од 60кс.

* 7 јануари 1916г,роден е Јордан НиколовОрце, народен херој на Македонија , припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија. Пред Втората светска војна го изучил кројачкиот занает и од 1934 г. станал активист на прокомунистичките синдикати. Од 1935 г. бил член на КПЈ. Бил секретар на Подружницата на шивачките работници (во пролетта 1938), секретар на Месниот комитет на КПЈ во Скопје и член на привременото Биро на Покраинскиот комитет на КПЈ во Македонија (1939-1940). Бил организатор на илинденските излети (1940), потоа бил уапсен во август 1940 г. и осуден на две години во Кикинда, Лепоглава и Сремска Митровица, каде што бил член на Затворскиот комитет на КПЈ. На Покраинската конференција од 8 септември 1940 г. во отсуство бил избран за член на Покраинскиот комитет на КПЈ во Македонија, а на Петтата земска конференција на КПЈ во Загреб од 19-21 мај 1940 г. и за кандидат за член на Централниот комитет на КПЈ. Со група затвореници, низ прокопан тунел, успеал да избега на 22 август 1941 г. и се вклучиле во Фрушкогорскиот партизански одред, преку кој се префрлил до Врховниот штаб на НОВ и ПОЈ во слободното Ужице. Со група партизани, во обид да се префрли во Македонија, наишол на бугарска заседа и по кратка борба загинал. Загинал на 3 јануари 1942г. кај Владичин Хан, Србија. Прогласен бил за народен херој на Југославија

* 7 јануари  1923.- Во Кавадарци е роден Иван Диме Мазов  Климе, македонски револуционер, театарски критичар, раскажувач, публицист, општественик и долгогодишен новинар и уредник во весникот „Нова Македонија“. Познати се неговите прозни дела „Додека топовите пукаат“ и „По трагите на Евлија Челебија“. Во Рогашка Слатина, во Словенија, несреќно го загуби животот на 14 февруари 1977 година.

* 7 јануари 1942. – Во Жван, Демирхисарско, е роден Божин Павловски, македонски писател и редовен член на МАНУ. Живее и твори во Скопје и Мелбурн. Бил долгогодишен главен уредник на издавачката куќа „Мисла“ во Скопје, а исто така, е основач на издавачката куќа АЕА во 1992 година во Мелбурн, Австралија. Носител е на врвни македоски книжевни и дражвни награди за неговото прозно твпрештво. Дела: „Дува“ (роман, 1973), „Вест Ауст“ (роман, 1978), „Црвениот хипокрит“ (роман, 1984), „Уткини соседи“ (роман, 1987), „Враќање во сказните“ (роман, 1989) „Дува и болвата“ (роман, 1997), „Подвижни гробови“ (роман, 1998), „Патување со љубената“ (роман, 2000), „Египетска сонувалка“ (роман, 2001), „Изгубени во рајската градина (роман) и други.

* 7 ЈАНУАРИ 1943 година кај село ’Рлевци, Велешко, е убиена Марија ЃОРЃИЕВА-Маца Овчарова, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија. Родена била во Велес на 19 март 1922 г. Уште пред Втората светска војна била една од поистакнатите членови на прогресивното младинското револуционерно движење во Велес. Со отпочнувањето на антиокупаторската борба, активно се вклучила во неа и од 1942 г. станала борец на Партизанскиот одред “Димитар Влахов”. Со него учествувала во сите борби против бугарската војска, полиција и контрачетници. Во текот на Зелениковската борба во јануари 1943 г. била тешко ранета, заробена и жива закопана од бугарскиот окупатор и неговите домашни слуги.

* 7 јануари 1943.- Во Њујорк умре Никола Тесла, еден од најголемите умови и пронаоѓачи на полето на електротехниката. Тој е пронаоѓач на трофазен систем за пренос на електрична енергија, на индукциониот мотор, на генераторот и трансформаторот и на цела низа други откритија врз кои денес се заснова модерната електроника. Тој е пионер на радиотехниката и според него струјата со висок напон го доби името Теслина струја. Роден е во селото Смиљан, кај Госпиќ, на 10 јули 1856 година.

7 јануари 1987.- Во Софија умре Венко Марковски, поет, драмски писател, еден од основоположниците на современата македонска литература, член на Македонската литературна група, основана во Софија во 1931 година, на Македонскиот литературен кружок (1938 – 1941), учесник во НОВ на Македонија, член на Главниот штаб на НОВ и ПОЈ, член на Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ, делегат на Првото заседание на АСНОМ… Неговите стихозбирки „Народни бигори“ и „Огинот“, издадени во 1938 година се првите книги стихови на македонски јазик. Најомилен македонски поет се до неговото одење во Бугарија. Поради судир со актуелното раководство на Македонија и на Федерацијата осуден е на работа и интерниран на Голи Оток. Роден е во Скопје, на 5 март 1915 година.

7 јануари 1992.- Првпат, 7 јануари – првиот ден на Божик, беше неработен ден во Република Македонија.

 7 јануари 1993 година Претседателот на Македонија поднесе пријава до Обединетите Нации за членство на Македонија под државното име Македонија.

7 јануари 1997.- Во Битола умрел Доне Пановски, македонски литературен критичар, есеист, книжевен историчар и новинар. Автор е на повеќе книги, меѓу кои „Вреднувања“, „Литературни портрети“, „Писателите на Илинден“, „Литературни студии“ и други. Роден бил во селото Буф, Леринско, на 5 ноември 1935 година.

7 јануари 2001.- Во Скопје умрел Скендер Амет, прочуен македонски естраден виртуоз на хармоника, од ромска националност. Роден е во Скопје, на 31 октомври 1953 година.

7 јануари 2013.- Умрел Драгиша Димитријевски – Шипе, актер од Кумановскиот театар. Својата актерска кариера ја започнал со претставата „Мајката храброст и нејзините деца“ во 1974 година, а од 1980 година бил постојан член на Кумановскиот театар, каде што остварил над сто и педесет актерски улоги. Добитник бил на стручни и општествени награди, на МТФ „Војдан Чернодрински“ и на „Ноемвриска награда“ на градот Куманово. Во последните неколку години Димитријевски беше уметнички раководител на ликовната колонија „Карпино“.

Претходниот артикал,НА ДЕНЕШЕН ДЕН6-ЈАНУАРИ
Следната статијаСобор на Пресвета Богородица

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука