-27 април 1905г.,е ден кога загина Никола Карев кај месноста Свиланово, во близина на селото Рајчани, Кочанско, Еден од најистакнатите Македонски револуционери, роден е во 1877 година во Крушево, во мошне сиромашно семејство. Поради сиромаштијата бил принуден да го прекине школувањето и да се вработи како столарски чирак, а на 16 години заминува за Бугарија каде работи во столарската работилница на Васил Главинов. Потоа се враќа во Македонија, каде што се дошколува и станува учител во Битолската гимназија. Во исто време, Карев активно се вклучува во македонската револуционерна организација и станува раководител на Крушевскиот револуционерен комитет.Во пресрет на Илинденското востание, и покрај тоа што бил против негово кревање, сметајќи дека народот сè уште не е доволно подготвен за тоа.
-27 април 1428 година Турците до темел го уриваат Виргинскиот манастир“.Во 1436 година најверојатно токму врз темелите на манастирската црква била изградена Султан – Муратовата џамија во Скопје. Пред девет века на Виргино брдо, над реката Серава, спроти средновековно Скопје, или Калето како што денес се нарекува тој простор, бил изграден најголемиот и најбогат манастир во овој дел на Македонија.

-27 април 1922г. роден е Тале Огненовски ,македонски кларинетист еден од најзначајните фолк музичари. Спаѓа во редот на најголемите инструменталисти и композитори во светската музика,почина на 19 јуни 2012г.

–27 април 1952.- 27 април 1952 – Во Битола роден е Горан Стефановски тој е еден од наплодните драмски писател од современата македонска книжевност.Завршил Филолошки факултет во Скопје, англиски јазик и книжевност. Студирал драматургија на театарската академија на Универзитетот во Белград каде што и магистрирал на тема „Сценските напатствија како основа на драматургијата на Семјуел Бекет“.Работел во драмската редакција на Телевизија Скопје, а потоа како асистент на скопскиот Филолошки факултет. Од 1986 година бил професор по драматургија на Факултетот за драмска уметност во Скопје.Член на Друштвото на писатели на Македонија од 1979 година .Член е на Македонскиот ПЕН центар.Со појавата на Стефановски современата македонска драма доживува голем успех, особено со неговите драми „Јане Задрогаз“, „ Диво месо “, „Лет во место“, „Хај-фај“, „Дупло дно“, „Тетовирани души“, „Демонот од Дебар маало“.Автор е на телевизиските драми „Клинч“, „Сослушувањето на железничарот“ и на ТВ сериите „Тумба, тумба дивина“, „Бушавата азбука“.Добитник на наградите „Стале Попов“, „11 Октомври“, „Стеријина награда“, „Војдан Чернодрински“.Горан Стефановски беше и дописен член на МАНУ.
– 27 АПРИЛ Во 1977 година во Битола почина Тане Лазар Наумов, припадник на македонското националноослободително во Егејскиот дел на Македонија и на комунистичко движење на Грција, шпански борец, учесник во антифашистичката и Граѓанската војна во Грција. Роден бил во селото Долно Котори, во 1907 г. Во 1933 г., станал член на КПГ (Комунистичка партија на Грција). Од 1937 г., како доброволец, учествувал во интернационалните бригади на Шпанската граѓанска војна, прво како морнар со трговските бродови: „Стануел“ и „Марxит“ пренесувал храна и муниција за борците, а по потопувањето на бродовите бригади и рамо до рамо, храбро се борел против фашистичките сили на генерал Франко.

-27 април 1983г. Во Скопје умре Кирил Миљовски ,македонски револуционер ,академик,општественики прв ректо на Универзитетот во Скопје. Роден е на 27 мај 1912г. во Ресен.

-27 април 1983г. Во Скопје умре Димо Тодоровски ,Македонски академик,познат вајар,кој беше единствен уметник во Македонија меѓу двете светски војни.Роден е во Солун н 11 декември 1910г.
-27 април 1992г. ,понеделник вториот ден од Велигден за прв пат е прогласен за неработен ден во Македонија.
-27 април 1995г. Во Скопје умре Цветко Мартиновски ,македонски писател,преведувач и новинар.Роден е во Скопје на 25 март 1930г.

-27 април 2012г. Во Скопје ненадејно почина Македонската писателка Светлана Христова –Јоцуќ.Поетеса со со ретка авторска интуиција ,асклучителна имагинација и оригинален поетски говор .Автор е на повеќе од 20 книги ,добитничка е на многу награди .Родена е во Скопје на 27 февруари 1941г.









































