*29 мај 1903.- На планината Голак, под врвот Чавките, Делчевско, во борба против турската војска загина Максим Ненов, дебарски војвода. Тука загина и подвојводата Димитар Стефанов од селото Јабланица, Струшко, со уште други 40 соборци. Максим Нонев е роден во село Тресонче.

Во оваа битка загинале:Максим Нeнев – Војводата (Тресонче), Петре Јуруков (Тресонче), Добе Јосифов (Тресонче), Ефто Ристов Чалија (Лазарополе), Спасе Глигоров – Гудурот (Лазарополе), Никола Долев (Лазарополе), Милош Митрев (Сливен), Ѓорѓе Сливенски (Сливен), Димитар Стефанов – Подвојводата (Јабланица), Софроние Спасов (Осој), Марко Ристов – Дадара (Росоки), Марко Росочки (Росоки), Доле Ехлоски (Ехловец), Милош Богданов (Годивје), Ташко Цветков (Гари), Ристо Китанов (Долно Косоврасти), Анѓеле Ѓоргоски (Селце), Марко Урдарески (Рајчица). Во дневникот на лазоровецот Арсов стои дека биле ранети и девет комити, но не ги наведува по име и презиме, ниту пак, дали тие биле извлечени од боиштето. За загинатите вели незакопани останале на планината Голак..

* 29 мај 1991 година Црвена Звезда стана европски клупски првак откако беше подобра од француски Марсеј со 5-3 на пенали, во финалето на КЕШ во Бари, кое заврши 0-0 по 120 минути игра.За големиот успех големи заслуги имаат и двајца Македонци, Најдоски го одигра целиот финален меч во одбраната, а Панчев беше стрелец на одлучувачкиот пенал за освојување на трофејот.

*29 мај 1453.- По долга опсада, турската војска го зазеде Константинопол, престолнина на некогаш моќната Византија. Некои историчари овој датум го сметаат како крај на средниот век. Оттогаш, па до крајот на Првата светска војна, поточно до 1923 година, Константинопол беше престолнина на Турција (кај Македонците вообичаен е називот Цариград). Во 1930 година го доби денешниот турски назив Истанбул. Од 1923 година главен град на Турција е Анкара, која до 1930 година го имаше називот Ангора.

* 29 мај 1879.- Во Охрид е роден Коста Абрашевиќ, пролетерски поет. Се школуваше во Охрид. По преселувањето на неговото семејство во Шабац го продолжи образованието и мошне млад почна да пишува песни. Во 1894 година се запознава со сооцијалистичките идеи на кои им останува приврзан до крајот на животот. Тој беше против општествените разлики, против силата и богатството. Во 1903 година, посмртно е објавена неговата збирка „Песни“. Пишуваше на српскохрватски јазик и е еден од најзначајните поети Македонци кои говореле на други јазици. Умре во Шабац, на 20 јануари 1898 година.

*29 мај 1923.- Во Сплит е родена Олга Спиридоновиќ, една од најпознатите театарски и филмски актерки во поранешна Југославија. За улогата во Мис Стон во истоимениот македонски филм и е доделена Златна арена на Пулскиот фестивал. Умре во Белград, на 15 мај 1994 година.

*29 мај 1927.- Во Битола е роден Димитрие Османли, македонски филмски, театарски и телевизиски режисер. На март 1952 година Османли стана првиот македонски дипломиран режисер, а со реализацијата на филмот „Мирно лето“ (1961 година) стана и првиот македонски режисер на игран филм, а воедно и автор на првата македонска ТВ драма „Домот на мојот татко“ и на првиот ТВ филм „ Враќање во рајот“.Умре во Скопје на 13 март 2006 година
*29 мај 1996.- Република Македонија во Хелсинки и формално пристапи кон Завршниот документ на Конференцијата за европска безбедност и соработка.
*29 мај 1996.- Во Будимпешта, Република Македонија е примена за рамноправна членка на Европската конференција за транспорт – ЦЕМТ.

*29 мај,1997.- Во Скопје е родена првата четворка во Македонија. Родители на четирите новородени деца (три женски и едно машко) се мајката Валентина и таткото Благојче Јордеви од Штип

* 29 мај 2003 во Скопје почина Тодорка Кондова-Зафировска, една од најсестраните пројави во македонскиот театар, како состојба го има бројот еден или прва. Родена е на 1 февруари, во театарот е од првата претставата на македонски јазик, на 3 април 1945 година – „Платон Кречет” во Македонскиот народен театар. Во 1948 година се запишува на отсекот за режија на Академијата за драмски уметности во Белград, кака прва жена во таа прва генерација. Се враќа во 1952 година како прв дипломиран македонски режисер, а прва режија и е „Домот на Бернарда Алба”. Таа е првата жена доцент и редовен професор по актерска игра на ФДУ во Скопје, и е автор на книгата „Актерско мајсторство”. Со првите е што ја напуштаат Драмата на МНТ и го формираат Драмскиот театар во 1965 година, режисер е на првата претставата во него – „Богомилска балада”, истата година ја режира и „Бегалка” од Иљоски која е прва претстава што имала 200 изведби. Игра во сите свои режии. Ликовите, времето и настаните во нив, главно се од светската класика, а работи и на драми на домашни автори.