На денешен ден-3 Декември

0
260
  • 3 ДЕКЕМВРИ МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ЛИЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ. ДА ГИ ПРИФАТИМЕ ОВИЕ ЛИЦА СО ЉУБОВ И ГОЛЕМО ВНИМАНИЕ ВО ЖИВОТОТ КАКО ОБИЧЕН ЧОВЕК, КАКО ГРАЃАНИН, КАКО ЧЛЕН НА ОПШТЕСТВОВО. ТИЕ СЕ ТУКА ОКОЛУ НАС, ВО СЕМЕЈСТВОТО, ВО СОСЕДСТВОТО, НА УЛИЦА, ПРЕД ПРОДАВНИЦА ИЛИ ИНСТИТУЦИЈА, ПОДАДИ РАКА, ПОМОГНИ МУ, ДАЈ МУ НАДЕЖ, УСРЕЌИ ГО. ДА СЕ ГРИЖИМЕ ЗА НИВ НАЈДОБРО ШТО МОЖЕМЕ, ТИЕ ТОА ГО ЗАСЛУЖУВААТ, ДА ЖИВЕАТ ЗДРАВО, ДА ИМ ГО РАЗУБАВИМЕ ПАТОТ КОН ПОДОБРО УТРЕ. ТИЕ ИМААТ СИЛНА МОЌ ВО ДУХОТ И ВО УПОРНОСТА ДЕКА МОЖЕ И МОРА ЗА НИВ ДА ИМА ПОДОБРО УТРЕ. ДА ГО ДОКАЖЕМЕ ТОА.

* 3 декември 1989г. Почина Никола Солдатов,познат македонски новинар и коментатор ,еден од основачите на спортската редакција на ТВ –Скопје.

* 3 декември 1980.- Во Скопје почина Драги Костовски, познат македонски артист кој на најшироката јавност и е познат по исклучителните остварувања, по многубројните улоги на театарската сцена, на филмот, на телевизијата и во радиодрамската уметност.  На филм дебитира со својата улога во МИС СТОН (1958), по што следува низа од филмови во коишто како носител на главни и епизодни улоги ја потврдува својата извонредна способност за типолошки преобразувања. Роден е во Битола на 22 април 1930 година.

* 3 декември 1942.- Во Тетово излезе првиот број на весникот на Окружниот комитет на КПЈ за територијата на Македонија под италијанска окупација “Востаник”. Излегуваше до февруари 1943 година.

* 3 декември 1965г. починал  Благоја Стефановски – Гојчо — македонски револуционер.

* 3 декември 1967.- Лекарите во Кејптаун, во Јужноафриканската Република, објавија дека во болницата “Гроте Шур”, за првпат во историјата , е извршена успешна трансплатација на човечко срце. Екипата на чело со д-р Кристијан Барнар изврши операција врз заболениот Луис Вашкански, меѓутоа тој умре по десетина дена.

* 3 декември 1991.- Во Струмица почина Стојан Гогов, доајен на народниот театар “Антон Панов” од Струмица. Роден е во 1924 година.

* 3 декември 1993  ,починал Саво Костовски — македонски првоборец.

* 3 декември 2013.- Во Скопје починала писателката и публицист Вера Бужаровска. Писателската кариера ја почнала во 1962 година со објавувањето на детската книшка „Стоп“ наменета како забавна и поучна литература за најмладата читателска публика. Следуваат над четириесетина прозни и поетски остварувања, во кои доминираат повести и во чиј центар е жената и нејзината судбина во патријахалното опкружување и многу други трудови. Бужароска е родена во Битола на 7 декември 1931 година.

* 3 декември 2013.- На 74-годишна возраст починал флејтистот Никола Атанасов. Роден е во 1939 година во Просечани, во 1964 година завршува Музичка академија во Љубљана, а како стипендист на италијанската влада една година престојува на Академијата Санта Чичилија во Рим на специјализација. Потоа се враќа во Македонија и се вработува како прв флејтист во оперскиот оркестар на МНТ, каде останува до крајот на својот работен век . Добитник е на повеќе стручни награди и државни признанија, меѓу кои „11 Октомври“, „Св. Климент Охридски, „13 Ноември“, „Киро Буровски“, „Златна лира“,…

Претходниот артикал,„ДОНЧЕВЦИ“-ИЛИНДЕН
Следната статијаКога во Скопје се возеле првите автомобили и кои биле нивните сопственици

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука