НА ДЕНЕШЕН ДЕН-4 ЈУНИ

0
91

*4 ЈУНИ 2019 Од Аеродромот ,па низ скопските улици и на плоштадот Македонија се одржа масовен пречек на европскиот шампион Вардар.

*4 јуни 1903 година, еден месец по убиството на македонскиот великан Гоце Делчев, во Охридско е убиен и струшкиот војвода Наум Чакаров- Лондра.Подмолното и мистериозно убиство на војводата Чакаров се случило во близина на манастирот Св. Стефан, во месноста Гумниште. Чакаров, кој бил наречен Лондра е македонски учител, војвода и член на Охридското револуционерно началство и бил горски началник на Охридската околија. Војводата Чакаров на Смилевскиот конгрес во 1903 година, еден месец пред да биде убиен, е избран за охридски реонски началник.Неговото убиство е мистериозно и неразјаснето, а според некои наводи убие е по грешка од четник на организацијата на брегот од Охридското Езеро.


* 4 Јуни 1987 во Скопје на Градскиот стадион се играше дербито во тогашната ЈУ-лига помеѓу екипите на Вардар и Црвена Ѕвезда (3:1) . На западната трибина за првпат од постоењето на клубот се забележува првиот транспарент КОМИТИ. Од тој ден па се до денес, Комитите го следат Вардар каде и да оди и против кого и да игра. Имаат гостувано во сите градови во Македонија, скоро во сите градови во поранешната СФРЈ и Европа.


* 4 јуни 1934г.Во село Лазарополе умрел Васил Апостолов-Икономов,македонски учител ,фолклорист,етнограф,преведувач и калиограф.Роден е во Лазарополе на 6 мај 1848г.

ВАНЧО ЈОВАНОВСКИ -РАКОМЕТЕН ГОЛМАН ,РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ

* 4 јуни 1952г,роден е Ванчо Јовановски –ракометен голман,Член на Вардар –Скопје ,со повеќе од 100 настапи за дрќавната репрезентација,беше прогласен за најдобар голман на Југославија 

* 4 јуни 1997г. Филолошкиот Факултет во Скопје го доби името „Блаже Конески“

Претходниот артикал,НА ДЕНЕШЕН ДЕН-3 ЈУНИ
Следната статијаВечерен поглед од Плац

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука