НА ДЕНЕШЕН ДЕН -5 Ноември

0
436

*5 ноември 2002 г. по одлука на надлежен суд ОКТА е задолжена да плати оштета на грчката компанија „Хеленик Петролеум“во вредност од 10 милиони долари

*5 ноември 1922 г. починал Љубомир Весов .Роден е во 1892 година во градот Велес. Татко му Илија Весов, кој е активен деец на егзархиската општина во градот, умира рано. Љубомир Весов завршува средно образование во Софија. Уште како ученик се вклучува во редовите на ВМОРО и неколку години е четник во Македонија На 20 март 1915 година Љубомир Весов учествува во Валандовската акција..  Во Првата балканска војна е доброволец во Македонско-одринското ополчение во четата на Иван Попов, Христо Силјанов и зборната партизанска чета на МОО. Награден е со сребрен медал . Се однесувал благородно кон локалното турско население. По вклучувањето на Бугарија во Првата светска војна е бил командант на чета во бугарската армија, а по истерувањето на српските сили од Македонија е командант на градот Крушево. На 5 ноември 1922 година, опкружен од српска полиција во село Острилци Крушовско, се самоубива.

*5 Ноември 1931 – Во Тетово е роден Бранко Гапо, македонски филмски режисер.

*5 ноември 1944.- Единиците на 51. Македонска дивизија ги протераа и последните окупаторски сили и ја ослободија Струмица и Струмичко.

*5 ноември 1492.- Морепловецот Христифор Колумбо во својот дневник запиша дека пронашол “едно вкусно растение од кое живеат луѓето”. Тоа беше прв пишан документ во кој се спомнува пченката (царевката).

*5 ноември 1935.- Во селото Буф, Леринско, е роден Доне Пановски, македонски литературен критичар, есеист, книжевен историчар и новинар. Автор е на повеќе книги, меѓу кои: „Вреднување“, „Литературни портрети“, „Писателите на Илинден“, „Литературни студии“ и други. Умре во Битола на 7 јануари 1997 година.

*5 ноември1968.- На сцената на Операта при Македонскиот народен театар во Скопје е изведена премиерата на операта во четири чина со епилог „Цар Самуил“ од македонскиот композитор Кирил Македонски.

*5 Ноември 1980 – Во Белград почина Бане Андреев, активист на комунистичкото, работничкото и студентското движење во Југославија и Македонија.

Претходниот артикал,Свадба на Боне и Ленче
Следната статијаЉубе Димовски со своето одделение -1980

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука