НА ДЕНЕШЕН ДЕН 6 МАРТ

0
113

-6 март 1997.- Најголемата штедилница во Република Македонија – ТАТ, со седиште во Битола, е ставена под принудна управа на Народната банка на Македонија. Почна „Аферата ТАТ“,многу трауми за поранешните измамени штедачи во штедилницата.

-6 март 1936 г. во Скопје во 5ч.и 14 мин. се почуствувал силен земјотрес кој траел 10 секунди.

6 март 1937.- Родена е Валентина Владимировна Терешкова, советски космонаут, прва жена која летна во вселената со вселенскиот брод “Восток 6” и од 16 до 19 јуни 1963 година ја обиколи Земјата 48 пати, поминувајќи 1.960.000 километри.

ЃОРЃИ МАЛЕНКОВ -СО ПОТЕКЛО ОД ОХРИД

-6 Март 1953г. Георгиј Максимилианович Маленко́в,после Сталиновата смрт (5 март 1953),станал лидер и премиер на Советскиот сојуз (1953 – 1955).

Според izdanieto na Zubok, V.M. & Pleshakov, K., Inside the Kremlin’s cold war: from Stalin to Khrushchev, Harvard University Press, од 1996г. Георгиј Максимилианович Маленко́в бил со македонско потекло.

Во време на управувањето на Г.Маленков во СССР и на В.Червенков во Н.Р.Бугарија кулминира експонирањето и форсирањето на македонскиот национален идентитет во Н.Р.Бугарија(и во другите земји под советска контрола), додека после нивниот пад во Н.Р.Бугарија одеднаш настапува политика на супресија кон македонскиот национален идентитет.

-6 март 1978.- Почна емитувањето на Втората програма на Телевизија Скопје.

-6 март 1996.- Собранието на Република Македонија за нов претседател (по оставката на Стојан Андов) на Собранието на Република Македонија го избра Тито Петковски.

Претходниот артикал,8-мо „Ѓ“ 1992г.-полуматуранти
Следната статијаФИКУС

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука