Сашко, како сите што го знаат и ословуваат е еден од првата генерација фудбалери на ФК Илинден ,настапуваше во далечните 50-60-те години од минатиот век.
Играше во навалниот ред ,а неговата дрес со број 10 беше долго време инспирација за много идни фудбалери ,без разлика на која позиција играат сакаа да настапуваат во дрес со тој број.
Ова сигурно произлегуваше од добрите игри што ги пружаше Сашко со дресот со тој број.
Сашко и таа генерација настапуваа пред голем број публика и денот кога се играа фудбалските натпревари се прекинуваа сите други активност и патот на поголемиот број жители ги водеше кон игралиштето.
Тој настапуваше до неговата поодмината возраст,а по завршувањето на неговата кариера на неколку наврата работеше во ФК Илинден ,покрај другото беше и негов претседател.
Исто така извршувај ќи раководни функции во неколку стопански организации кај што работеше Сашко во ганици на можностите обезбедуваше и средства и спортска опрема за клубот .
Иако тој веќе е во одминати години интересот за фудбалот му остана негова трајна љубов.
Оваа објава нека биде една мала сатисфкција за неговиот придонес на развојот на фудбалот и ФК Илинден,за што му посакуваме да го служи добро здравје .








































