Тетово, како го добило името.

0
71

Според народната легенда, е сврзано со еден необичен настан од времето на турското ропство. Имено, во непосредна близина на градот, меѓу два рида, живеела голема змија од која се плашеле сите.

 Никој не се обидувал на страшната ѕверка да и излезе на мегдан. Само некојси Тето еден ден, наоружен со лак и стрела и со меч и штит, качен на својот брзоног коњ, се упатил кон местото. Кога стигнал таму, се појавила змијата и му го попречила патот.

 Тето не се уплашил, го оптегнал лакот и со една стрела ја предизвикал ѕверката. Змијата почнала да реагира, испуштајки некаков глас. Но Тето бил бестрашен, кога влекачот се доближил до него, тој замавнал со остриот  меч и го пресекол влекачот.

 Оттогаш, според легендата, местото каде што била убиена змијата со меч и штит, (калкан), било наречено Калкандели, а градот, (на турски), – Калканделен. Во сеќавање на јунакот Тето, пак, месното население населбата ја нарекло со името Тетово.

Претходниот артикал,Свадба на Владо и Перса-1974
Следната статијаСвaдба на Николче и Слободанка-1971

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука