30 години со атлетиката-ИГОР ЈАКИМОВСКИ

0
184

Во далечната 1991 година или поточно на 13.10.1991 година како питомец во средното воено училиште МАРШАЛ ТИТО, Сараево, БиХ учествува за првпат во својата кариера на атлетски крос и меѓу неколку стотина учесници од средното военото училиште го освојува високото 3то место.

Така и всушност започнува неговата атлетска кариера.

Тој е забележан од професорите по физичко воспитување во военото училиште и добива специјални услови за тренинг во слободното време.

Во следните контролни трки како дел од строгите физички проверки на тогашната ЈНА тој успева да постигне фантастични резултати на 1500м – 04.07 , 1600м – 04.26 , 1600м со чизми 05.30 и 3000м – 08.52.

Во 1992 година кога воениот конфликт го зафаќа и Сараево тој успева безбедно да го напушти Сараево и да се пробие со границата со Р.Србија и да се врати во своето родно Скопје.

Како средношколец во УСО Никола Карев учествува во неколку атлетски кросеви организирани од средните училишта и победува на неколку настапи.

Во 1993 година се зачленува во АК Работнички и кратко работи со покојниот тренер Методи Веновски. Поради обврските кон средното училиште и школувањето во втора смена не успева професионално да тренира и продолжува сам да ја одржува формата без тренер и клуб.

Од 1995 година се запишува како студент на Воената Академија Генерал Михаило Апостолски каде во текот на студиите повторно се активира со трчањето и победува на многу трки во организација на Воената Академија и АРМ.

Во 1998 година го трча својот прв полумаратон на второто издание на Скопскиот маратон.

Со започнувањето на воениот конфликт во Македонија во 2001та година тој цели 3 години е на браникот и одбраната на сбојата татковина при што беше отсутен во кралицата на спортовите.

Во 2005та година повторно се рестартира во атлетиката и во текот на следните 16 години успева да истрча рекордни 700 трки од 800м до маратон.

Само во категоријата полумаратони и маратони има неверојатна цифра од 160 настапи.

Во 2015та година започнува и со тренирање на млади таленти од својата општина Илинден од кои произлегоа неколку репрезентативци на Македонија во сите категории и најголемиот атлетичар на сите времиња што го имала Македонија – Дарио Ивановски.

Во период од 2019 до 2021 година беше член на управниот одбор на АФМ.

Важи за неверојатен фанатик на кралицата на спортовите и голем промотор на сите големи атлетски настани низ Македонија.

Како припадник на АРМ има организирано околу 100 армиски атлетски трки на кои редовно учествуваат и припадници од АФМ.

Во годината кога Игор Јакимовски ЕМСИ ги бележи најголемите успеси со Дарио Ивановски тој стигна до јубилејот 30 години успешна атлетска кариера.

И тоа токму по уривањето на еден од најголемите рекорди во маратон од страна на Дарио Ивановски на последното издание на Скопскиот маратон кој се одржа на 03.10.2021 година.

Токму тие два момента беа причина за голема прослава која се одржа во кафе барот ЖИВОТ Е ЦИРКУЗ на ден 07.10.2021 година на која присуствуваа голем број на атлетски работници, нивни подржувачи и атлетичари.

Денес Игор ЕМСИ има 45 полни години и уште се натпреварува рамо до рамо со младите генерации во атлетиката.

Скоро и да не може да се замисли старт на една трка во Македонија а да го нема него на стартната линија.

Населба Илинден, на  Игор Јакимовски ЕМСИ му посакува уште долго да му трае успешната атлетска кариера. А,особено за  почит е неговиот влог за развој на атлетиката и  во создавање на

врвни атлетичари.

Претходниот артикал,Стари скопски маала-ПАЈКО МААЛО
Следната статијаЗА ТЕБЕ МАКЕДОНИЈО

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука