Лила Петрушевска-атлетичарка
Родена 1967 год. во Илинден.Во 1991 година се стекна со диплома за професор по физичка култура,а во 2010 и со титулата магистер по кинезологија.Како атлетичар настапуваше во атлетскиот клуб „Работнички“ од Скопје,каде на
место во дисциплината фрлање копје во младинската конкуренција,прво место и државен првак во купот на Југославија.Во дисциплината фрлање диск постави нов рекорд во Македонија во сениорската конкуренција,а е актуелен рекордер и во дисциплината фрлање копје во младинската конкуренција во Македонија и во фрлање диск во сениорската конкуренција во Македонија.За жал ,поради спортска повреда мораше да ја прекине својата успешна кариера на атлетичар.Интересно е и тоа дека таа својата кариера ја зпочна со голем успех уште на првиот натпревар на Државното младинско певенство во Охрид 1983г освојувај ќи го третото место.Но Лила Петрушевска останала и понатаму верна на атлетиката.Своето знаење и професионални вештини набргу потоа,како професионален тренер ,започнала да ги пренесува на помладите атлетичари во АК „Работнички“ од Скопје ,со кои постигна врвни резултати на домашни и меѓународни натпревари.Меѓу останатите таа му била тренер и на нашиот најтрофеен спортист-АТЛЕТИЧАР од Илинден Дејан Ангеловски.Во областа на истражувачката дејност има објавено
23 труда од областа на спортот ,од кои еден дел имаат меѓународна верификација.
Денес е вработена во О У Гоце Делчев од Илинден ,како професор по физичко воспитание.










































