Билјанините Извори

0
47

За бистрата вода на Билјанините извори, македонскиот народ пропеал песни и легенди поврзани за нивното создавање, а најпознати се за убавата Билјана од чии солзи се создале Изворите, и за онаа за Билјана која платно белела за своите се уште незнаени свекор и свекрва.

Имено, некогаш во дворецот под езерото кај Студенчишта, живеела вилата Езерка, ќерка на дедо Караорман. Вилата царувала над езерото и постојано им пречела на рибарите, превртувајќи ги нивните чамци. Таа била завидлива и еден ден ја грабнала убавата мома Билјана, внука на дедо Чун. Убавата Билјана цела ноќ плачела од тага и нејзините солзи се претвориле во извори, кои понатаму биле наречени Билјанини извори. Дедо Чун за да ја победи вилата Езерка направил голем чамец. Од една страна веслале 6-7 луѓе, а само еден крмел. Вилата Езерка не можела да го преврти овој голем чамец и со него дедо Чун ја спасил убавата Билјана. Така, по дедо Чун големиот чамец го нарекле чун .Стариот охридски рибарски чун – сведок на далечни времиња,неговото постоење се поврзува 300 години наназад,- еден од белезите на историјата на Охрид.реконструираното пловило, е вистинска атракција денес во Лапидариумот кај Куќата на Робевци.

Претходниот артикал,ПОВРШИНСКА СОЛ ВО МУСТАФИНО
Следната статијаПретседателот Трајковски и Борис Велинов

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука