Сместено, ниско, во близина на течението на старата и култна река(Еригон) Црна Река, на двата брега на Крушевичка Река, на околу 35 км јужно од Прилеп во предел познат како Мало Мариово.
Распространето со камени градби денес претежно руинирани , некогаш на 700 куќи, денес селото е сведено на четириесетина возрасни борци и по некоја реставрирана стара куќа за живеење….од
Од Чаниште Бегот ја грабнал убавата Калеш Анѓа.

Од народните преданија и некои историски записи познато е дека селото Чаниште постоело во XVI век во времето на познатата прва Мариовска буна кога во 1548 г.
Од страна на прилепскиот кадија во селото Чаниште биле извршени тешки зулуми,според кажувањата на жителите на селото, се поврзува и настанот дека грабнувањето на Калеш Анѓа.
Тоа се случило токму во манастирот Света Петка во Чаниште за време на соборот, кога таа била дојдена од с Старавина како гостинка во селото бидејќи од тука потекнувала нејзината мајка.
Оваа легенда живеела низ народот, но неа ја овековечил и зачувал познатиот македонски писател Стале Попов кој напишал и книга за оваа хероина.










































