Село Кучкарево-Кумановско

0
89

Имињата на населените места произлегуваат од некој настан,по име на некој човек,поврзано со вегетација на растенија ,овошје,природни карактеристики на местото и друго.

Во скопско постојат села со името Кучково,Кучевиште, но денес ќе се запознаеме како едно село во Кумановско го доби името Кучкарево.

Селото Кучкарево се наоѓа на патот  од Куманово  за Свети Николе и  е сместено меѓу два рида.

Приказната за имто ја прераскажал некој негов стар жител кој во селото се доселил од селата околу Крива Паланка.

Како и другите села и краишта и ова село низ времето било освојувано од разни освојувачи.

.За време турско некој Бег имал голем мерак на пчеларникот и секој ден го посетувал. За да биде сигурен некој да не му го ограбува, тој покрај редовна стража, ставил и една многу лоша кучка.

Но, за на време на комитлакот, една вечер комитите за да му се осветат на бегот, го нападнале неговиот пчеларник, ја убиле кучката и го уништиле целиот пчеларник.

Од голема жал за својата кучка, бегот утредента кога дошол и видел што направиле комитите, наредил ова место понатаму да се вика Кучкарево.

Претходниот артикал,Ученици-фолклорна секција
Следната статијаКако Тетово го добило името

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука