Верувања поврзани со крстот во Мралино

0
3510
 **Верувања поврзани со крстот во Мралино,прераскажувано од колено на колено.
Во точно неутврден период во минатото Мралино било едно од поголемите села во овој дел од скопската блатија ,по кажувањата на постари жители „Било поголемо и од Петровец“.
Но ,како и многу села во тоа време ,тека и Мралино го зафатила некоја чума и голем број од населението изумрел.
Соочени со големиот проблем селаните  -македонско население ,решиле да побарат помош за настанатата состојба и побарале помош од некоја јасновитка –гледачка турчинка од соседното село Ќојлија.
По нејзините согледувања ,таа им рекла на селаните од Мралино ако сакаат да се тргне чумата од нивното село, мора да најдат два браќа –близнаци и два вола –близнаци и со рало да изорат бразда околу селото ,а таму кај што ќе се скрши ралото да постават крст и секоја година на крстот на 31 јануари (Св.Атанас)да се принесуваат курбан на крстот.
Селаните направиле така како што им кажала јасновиткста –гледачката и од тој ден селаните се ослободиле односно чумата„фатила пуста гора“ и Мралино продолжило да живее.
Извор: Според кажување на постар жител од Мралино ,кој сакаше да остане анонимен.
Објавата е отворена за дополна и корекција ,по порака.
Претходниот артикал,ЗОШТО СЕ КИНЕ МАИЦАТА НА ТAТКОТО НА НОВОРОДЕНОТО ДЕТЕ
Следната статијаКАМЕНОТ И ВОДАТА НА СВЕТА ПЕТКА ВО ТЕКИЈА 

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука