КАМЕНОТ И ВОДАТА НА СВЕТА ПЕТКА ВО ТЕКИЈА 

0
281

Ова обележје кое се наоѓа на сред село во Текија ,никој со сигурност не знае од кога е и кој го кренал –создал.На ова обележје се изведуваат посебни ритуали со верување за да се добијат деца,а водата од бунарот според многумина е лековита за многу проблеми што ги мачат луѓето.
Според кажувањата на многу од жителите ритуалот се изведува на следниот начин.
Се палат свеќи, па потоа мажот и жената заедно го обиколуваат каменот трипати, се крстат и се поклонуваат. Го прегрнуваат каменот и го бакнуваат. Потоа земаат по малку земја од секоја страна на каменот и таа земја жената треба да ја носи една година , околу половината,a може да ја тргне само кога се бања. И по една година пак треба да дојде тука и да ја истури на истото место од кое е земена Десетици луѓе што во текот на секоја недела доаѓаат во селото, само се најдобар доказ дека чудотворноста на каменот е надалеку разгласена. А во селото никој не знае да ви каже кога започнало да се изведуваат овие ритуали,бидејќи тоа е населба во која сигурно се менувале жителите зависно од тоа кој владеел на тие простори.Оваа оставината што останала во селото бил и каменот, висок околу 1,7 метар исправен во центарот на селото, во непосредна близина на тогашната џамија. Местото било означено како свето, вакафско, како свет бил третиран и исправениот камен, а пред кој турското население во текот на пет века, колку што траело турското владеење, изведувало слични ритуали и за иста цел како што и ден-денешен го прават оние што тука доаѓаат за да им се помогне. Светоста прифатена од разни вери Но, и тогаш кога домаќините во селото биле Турци, по вера муслимани, останала енигмата дали каменот бил донесен во селото во тој период или, пак, и тие го затекле поставен во центарот на населбата од претходните жители.- Има претпоставки дека е уште од времето на Римјаните, од времето на Византијците… Никој не може точно да каже. Само знаеме дека е тука откако во селото има луѓе. А кој прв го донел и го поставил, никој не знае. Според неговата боја и состав, се претпоставува дека каменот не е од овдешното подрачје. Се знае само дека една од турските жени, булата, која била задолжена да се грижи за каменот и да ги изведува ритуалите, пред да замине за Турција, само им ја предала обврската на жените-Македонки со објаснувања како се прави ритуалот. И потоа адетот од муслиманите го презело христијанското население, при што, се разбира, бил надополнет со христијански елементи. Сепак, тоа не значело дека пред каменот и натаму не доаѓале муслимани од Македонија и од други земји. Напротив, магиската привлечност на каменот и убедувањето дека тој помага да се добие саканото потомство и натаму останала. Доаѓаат луѓе од сите страни, наши Македонци, но и од Србија, Бугарија, доаѓаат Македонци, Албанци. Има многумина и од Турција кои се токму потомци, роднини и пријатели на Турците што живееле тука. Тие им ја раскажале приказната за каменот и сега оние што имаат потреба тргнуваат наваму. Муслиманите од Турција обредот го започнуваат со палење големи бели свеќи пред каменот, со поклонување и изговарање молитва. Фактот дека овие муслимани палат свеќа зборува дека, најверојатно, се работи за бектешите, кои се дел од исламската религија со специфични обреди кои вклучуваат и палење свеќи како кај христијаните. Всушност, и самото име на селото – Текија – асоцира дека е изведено од зборот теќе – ознака за верски објекти кои се својствени само на бектешитеСеедно дали останала бремена или не , речиси сите оние што зеле земја по една година, се враќаат. Се верува дека на ова место порано имало црква ,на чие темели се изградила потоа џамија. Христијаните во селото веруваат и во тоа дека тоа е и гробот на свети Ѓорѓија, но не се сигурни во тоа. Има верување и дека под каменот е неговата глава, а телото дека е на блискиот рид, на местото на црквата кај некогашните турски гробишта. Постои верување и во тоа дека каменот го донел некој дервиш дури од Австрија и починал сретсело веднаш кога стасал со него.Во народот се прераскажуваат разни чуда на излекувани и решени многу проблеми на болни кои го посетуваат ова место од разни краишта и од сите вери и нации.

Претходниот артикал, Верувања поврзани со крстот во Мралино
Следната статијаВЕРУВАЊА ЗА ЗНАЧЕЊЕТО НА БАКНЕЖИТЕ

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука