ВЕРУВАЊЕ ЗА ПОЛЕСНО ПРООДУВАЊЕ НА ДЕЦАТА
Ако детето проодело до годината, се сметало дека ќе биде добро, но ако задоцнело, се практикувал обичајот за сечење на стрв со разни остри сечива како нож, секира, срп итн. Во друг случај, непрооденото дете се носело кај блиски роднини, при што на грбот на детето му се ставале неколку деланки дрвца за дома. Потоа, дрвцата се ставале во запален оган на кој се греела вода. Со таа вода се бањало детето, по што се верувало дека детето брзо ќе прооди.










































