Едно од тие преданија е она за огромната љубов меѓу цар Самоил и Билјана.
За бистрата вода на Билјанините извори, македонскиот народ пропеал песни и легенди поврзани за нивното создавање, а најпознати се за убавата Билјана од чии солзи се создале Изворите, и за онаа за Билјана која платно белела за своите се уште незнаени свекор и свекрва
Имано царот Самоил имал тајна љубов со Билјана, девојка која заслепувала со својата убавина. Самоил кој бил многу вљубен во преубавата Билјана, тајно се среќавал покрај изворите. Откако сопругата на царот Агата разбрала за оваа голема љубов испратила човек да ја убие, но девојката наместо да умре останала парализирана.
Билјана не сакајќи во таква состојба да ја види царот, се засолнила во пештера на Галичица каде што му родила син на цар Самуил. Кога тој го открил местото каде што се засолнила Билјана и во каква состојба е таа, царот се расплакал. Преданието раскажува дека точките кои ги има охридската пастрмка се царевите солзи, кои капеле во езерото. Според легендата кога Самоил конечно открил каде е неговата најголема љубов таа веќе била крајно изнемоштена. Билјана починала во негови раце.