СВЕТИТЕ МАЧЕНИЦИ ВАРТОЛОМЕЈ И ВАРНАВА (ВРТОЛУМ)

0
570
 СВЕТИТЕ МАЧЕНИЦИ ВАРТОЛОМЕЈ И ВАРНАВА (ВРТОЛУМ)24 ЈУНИ
Светите маченици Вартоломеј и Варнава ДЕН КОГА СЕ ВРТИ СОНЦЕТО
Во народното верување посебно важен празник се смета Вртолум, денот кога сонцето се врти кон зима. Се верува дека тоа е тежок празник кога не се работи.
Житието сведочи дека светиот апостол Вартоломеј е еден од дванаесетте славни Христови апостоли. Поради проповедање на Христовата вера бил распнат на крст со главата надолу, но се спасил затоа што во тоа време настанал голем земјотрес во кој загинале тие што го мачеле, како судиите така многу народ, а тој останал неповреден. Тоа се сметало за Божја казна кон оние што го клеветеле и што го суделе. Потоа Евангелието го проповедал во Индија, каде што го превел на тамошен јазик Евангелието по Матеј. Потоа се вратил во Еременија каде што од завист поради тоа што ја излекувал царската ќерка од лудило е распнат на крст, одрана му е кожата и отсечена му е главата. Неговиот спомен се празнува на 24 јуни, заедно со споменот на светиот апостол Варнава.
Светиот апостол Варнава (Јосиф), од Кипар, пак, е еден од седумдесетте Христови апостоли. Првото име му било Јосиф, а Варнава е наречен подоцна. На околината оставал впечаток со тоа што ги тешел луѓето, а Варнава значело Син на утеха. Христијанската вера ја ширел и Евенгелието го проповедал заедно со Апостолите Марко и Павел во Антиохија, Рим и Милано. Настрадал на Кипар од Евреите и бил погребан од Марко заедно со Евангелието по Матеј кое што за време на животот го препишал на рака.
Меѓу празниците од овој период од годината посебно важно место има празникот на светите маченици Вартоломеј и Варнава во народот познат под името Вртолум, што се празнува на 24 јуни според новиот, односно на 11 јуни според стариот календар. Во некои наши краишта овој ден се смета за тежок празник поради што не се работи никаква работа. Овој ден народот го поврзува со вртењето на сонцето. Имено се верува дека на овој ден сонцето се врти кон зима..
Во овој крај луѓето станувале рано пред сонце за да го видат како ќе изгрее, како ќе се затемни и ќе се заврти. Се завртувало еднаш на едната, потоа на другата страна. Овде според овој ден и овчарите прогнозирале какво ќе биди времето. Го набљудувале 12 часа и секој час одговарал на еден месец во годината. На поискусните овчари не само сонцето туку и некои други знаци им помагале во прогнозирањето на времето. Така на пр. тие внимавале и на ветерот, од каде дува и со која силина, колку на небото има облаци, со која боја се и кон каде се движат, дали сонцето пече посилно или послабо и сл. и сето тоа го бележеле на своите овчарски стапови. Потоа, по овие знаци претскажувале какво ќе биде времето во секој месец, каква ќе биде зимата, какво летото и другите годишни времиња.
Меѓу населението и денеска се прикажува една прикаска од нашиве краеви, а се случила на овој празник.
Еден муслиман и еден христиханин си биле добри пријатели -комшии,муслиманот го повикал комшијата христијанин„ ајде да одиме на орање“.
На овој повик христијанот му рекол дека денеска е ВРТОЛОМЕЈ(ВРТОЛУМ) и не се работи ништо во поле.
Муслиманот не послушал и отишол на орање ,веднаш по заорувањето на неколку бразди се случило да завее толку силен ветар и силни виулици, меќавата била толку јака што се се вртело како вејулица, – се вртел плугот со се волови во круг и удирале од земјата… Од тогаш Муслиманот не само што тој не работел ,туку и на другите им велел да не работат на Вртоломеј , туку уште пред еден месец прашувал: ‘Кога е бре, комшија тој ваш, тој врти удри?’ За да не се случи да пак да оди на орање тој ден да ора по по грешка, та да настрадаат сите”.
Претходниот артикал,Денес-Духовденска Задушница (“Мртва Сабота“),утре ДУХОВДЕН-СЛЕГУВАЊЕ НА СВЕТИОТ ДУХ
Следната статијаСВЕТИ АПОСТОЛ ПЕТАР -ПЕТРОВДЕН 

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука