–Најисточно место во Македонија е с. Старо Коњарево покрај реката Струмица, на самата граница со Република Бугарија. Тоа е на 22 ст. 58 мин. источно од Гринич.
-Најзападнo место во Македонија е селото Бомово, 5 км западно од Дебар. Тоа е на 20 ст. 29 мин источно од Гринич.
-Најсеверно место во Македонија селото М`гленце (на северната страна на планината Козјак, кое се наоѓа на 42 ст. 20 мин. северна географска широчина. Поради положбата, ова село комуникациски е многу подобро поврзано со Србија отколку со Македонија.
-Најјужно место во Македонија е с. Долно Дупени покрај источниот брег на Преспанското Езеро, на 40 ст. 52 мин. северна географска широчина.(Од повеќе извори)










































