Извадок од Монографијата за Населба Илинден.Припремил Драги Ангеловски еден од авторите на Монографијата.
Детска игра од подалечното минато.
„ЧЕЛИК“
Симулација на играта ја изведоа:Антонио Стојмановски,Андреј Стојмановски,Мартин Јорданов,Иван Јорданов ,Драган Стефков,Милан Велковски.
Оваа игра била мошне застапена како детска игра, особено меѓу децата кога го напасувале добитокот.За изведување на играта било потребно поголемо пространство што во минатото тоа го имало на просторните пасишта,утрини и ливади . Редоследот на играта се определувал со фаќање на стапот, исто како и во претходната игра. Обично се играло поединечно или групно. Притоа, се поставувал тн. „ бинек“, односно заденат стап во земја од кадешто се удирал малиот дрвен предмет познат како челик. Суштината на играта се состоела во тоа со удар со стап челикот да се исфрли што подалеку. Притоа, друг играч, што требало да го пресретне челикот додека бил во лет, и успеал да го погоди со својот стап челикот и го врател назад, тогаш веднаш ќе бил елиминарн од играта оној што прв го удрил челикот. Потоа, оваа постапка од играта продолжува и од останатите деца, односно, се додека и последниот играч не заврши со играта. Доколку пак челикот не бил пресретнат, удрен и вратен додека бил во воздух, односно паднал на земја, во тој случај, со фрлање со рака, челикот требало се фрли што поблиску до бинекот. Меѓутоа, ако фрлениот челик од оној што го враќа застане до бинекот за помалку од должината на неговиот стап, тогаш, играчот што го отерал челикот бивал елиминиран. Ако се случи челикот да биде пречекан од терачот и отеран до одредена далечина, тогаш растојанието од бинекот до местото кај што застанал одбиениот челик се мери. Мерењето се правело со стапот. На секои 50, 100 или 150 должини на стапот, бројката требало да се „зврзе“ , при што стапот се протнувал меѓу нозете и се изикувала бројката која ја заврзал играчот. Победник била онаа екипа која прва ја заврзала определената бројка на поени определена пред почетокот на играта. Согласно правилата на оваа игра, доколку тој што го терал, односно удирал челикот направел три промашувања („три утки„) едно по друго, тогаш бил елеминиран.Да напоменеме и тоа дека под ова име „челик“во поблиското минато особено во градските средини оваа игра се играше во друга варијанта.Така највервотно било поради ограничениот простор ,за разлика од предходно опишаната игра ,која се играла на широките пространства по пасиштата ,ливадите и др.










































