Детска игра,Сакате ли војна?

0
358

Детска игра,Сакате ли војна?

Се делите на двата тима се поставени едни спроти други, така што оние од ист тим се еден до друг и се држат за рака. Првиот тим вели: „Сакате ли војна?“ На тоа вториот тим враќа: „Сакаме!“ Тогаш првиот тим прашува: „Од кого?“ И вториот тим избира една личност од припадниците на спротивниот тим. Тогаш таа личност мора да се затрча накај нив и да се обиде да го „скрши“ ѕидот така што ќе помине помеѓу двајца играчи без да биде задржана. Доколку го пробие ѕидот одбира еден играч од тој тим кој ќе го однесе во својот тим. Но, доколку биде задржан останува на местото каде што не успеал да се пробие. Победник е оној тим кој ќе успее да ги собере сите играчи кај себе.

Претходниот артикал,НА ДЕНЕШЕН ДЕН- 10 ЈУЛИ
Следната статијаДел од родот Ѓореви-Ајватовци

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука