Кратово во 17 век.

0
168

Турскиот патеписец Евлија Челеби, посетувајќи го Кратово во 1660 год., во своите записи, покрај другото, запишал: ,,Кратово е угледен кадилак. Тука има 20 храмови, 800 куќи и 350 дуќани со сите еснафи. Тука се произведуваат познати бакарни садови коишто не се изработуваат ниту во Сараево, ниту во Кастамон (Мала Азија)”. Понатаму, Евлија пишува: ,,Тука има две градски бањи, коишто се удобни и украсени, какви што не сум видел во цела Румелија, со своите ароми на мошус и амбра”. Во богатото Кратово, Евлија Челеби кажува дека постоела ковачница за пари (со локација околу денешната црква Св. Никола), којашто била прогласена за Царска монетарница, затоа што изработката на аверсот и реверсот на парите биле според турскиот Закон за рударство, со единствена и квалитетна изработка. На накованите монети, покрај името на султанот и годината, било запишано дека е ковано во Кратово.

Претходниот артикал,НА ДЕНЕШЕН ДЕН 10 МАРТ
Следната статијаНА ДЕНЕШЕН ДЕН 11 МАРТ

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука