100 години МАРИНО-краток историјат

0
1815

По повод 100 години од формирањето на Марино-историјат

*Досегашни имиња на Марино се Мариино Село, Село Марино Село, Село Марино , денес само Марино,спаѓа во населени места со комбиниран статус од урбани и рурални обележја на една населба. Името на селото потекнува од српската(југословенската )кралица Марија и во нејзина чест се именува како(МАРИЈИНО СЕЛО)извор, Јован Трифуновски ,„Скопско Поље“-1955г.-Београд.
Марино е најмладо село во скопска околија ,формирано во 1922 година на атарите на околните села Белимбегово,Кадино и Бунарџик,таа година тогашните власти одзеле по 50 ха ,од трите претходно спомнати села и на тој простор го формирале селото.Најпрво биле доселени 20 семејства од селото Пуковци од околината на Прокупле,а потоа биле доселени уште други од околината на Валево и Чачак и други места.
Триесетите години од минатиот век Марино броело 30-тина куќи ,а неговите жители ги разорале утрините и започнале напредно земјоделско лозаро-овоштарско и сточарско производство.Тоа било позитивно оценето од жителите од околните села и тие прифатиле некои новини во земјоделско-сточарското производство.
Инаку првите години по формирањето на Марино,постоела голема нетрпеливост помеѓу жителите од Белимбегово ,Кадино и Бунарџик од една страна, со доселениците во Марино,пред се заради користење на пасиштата. Затоашто поранешните утрини – пасишта помеѓу Илинден и Марино и Марино и Кадино биле поделени по пола за сите села. Ваквата поделба на утрините била една од главните причини за нетрпеливост , која често прераснувала и до поголеми расправии,но сепак до поголеми инциденти на дошло.Времето си го направило своето ,започнал народот да се „меша“на заеднички веселби слави ,свадби и друго и меѓусебната нетрпеливост постепено се намалувала,која со време и исчезнала.
Во Марино како најстари семејства доселени по првата светска војна ,кои тогашната власт ги доселиле се: Во 1922г од Пуковац –Прокупље доселени се семејствата Станковиќ и Митиќ ,во истата година доселени се и семејствата Станојевиќ и Савиќ од с.Маловишта од околината на Ниш,во 1923г се доселиле семејствата Вељковиќ од с.Шаиновци од околината на Прокупље,Костадиновиќ од околината на Лесковац,Дејановиќ од околината на Ниш,семејството Нешиќ доселено од Кучевиште.Во 1925 г. се доселило семејството Левајковиќ од Мирковци.Во 1926 г. семејството Андровиќ се доселило од Црногорското Приморје од с.Адровиќ.Во 1928 г се доселило семејството Тапшановци од Љубанци. Во 1932 г. се доселило семејството Гајиќ од Срем
Во 1939 г.во Марино било отворено основно училиште за прво и второ одделение за децата од Марино и Белимбегово ,а трето и четврто одделение и понатака оделе во Бунарџик .
До втората светска војна 1941г. во Марино живееле само претходно доселените семејства претежно доселени од Србија .


Во 1941 г .,тогашната власт го протерува дотогашното српско население,со исклучок на неколку семејства кои се декларирале дека не се срби .По протерувањето на српското население во 1941г.од страна на новата бугарската власт, во Марино се доселуваат неколку македонски семејства од селата од Скопска Црна Гора и тоа семејствата :Костовски,Илиевци,и Павлевски од Љуботен ,Ѓорѓиевски од Бунарџик,Арсовски од Овче Поле,Мирчевски од Тетово,Брзаковски од Љубанци,Симоноски од од Скопје,Слезенковци од Љубанци,Цветановски од Скопје-Топаана,Топузовци од Љубанци,Каровци од Мирковци,Сурловски од Љубанци,Кајевски и Цветковски од Галичник.Во 1942 г. се доселило семејството Митрови од Љубанци,а во Љубанци дошле од Побожје и припаѓале на родот Радиќевци.Во 1946 се доселиле семејствата Пешовци од Побожје и семејството на Спасо Паковски кое дошло од Витина .Во 1948 г. се доселило семејството Трпчевци од Горно Солње. По завршување на војната во 1945г. поголем дел од протераните српски семејства поново се вратиле да живеат во Марино.Голем број од погоре наведените семејства ,кои се доселиле помеѓу 1922- 1946 година денес не живеат во Марино , преселени се делумно или целосно во Скопје и други места во 50/60 –тите години на минатиот век.Од ослободувањето во 1945 г. па се до 1980 г. Марино и Илинден и фактички дејствуваа како една целина,а во одредени периоди беа прогласувани и како едно населено место .И, двете населени места живееа во иста Месна Заедница ,дејствуваа во исти општествено-политички организации,учениците користеа исто училиште,верските потреби ги остваруваа во иста црква,снабдувањето со прехранбени и други производи се снабдуваа во иста продавница итн. По земјотресот во 1963г. ,започна брзиот развој и раст и развој на Марино,започна масовно доселување на население од кумановско,кривопаланечко,кратовско, светиниколско и други места.Започнаа да се градат нови и современи домови ,се отворија многу приватни продавници и друго .

Во 1979г. дојде до издвојување на Марино од дотогашната единствена Месна Заедница на Илинден и Марино и се формира Месна Заедница Марино,во 1978г,се формира Фудбалски Клуб и друго.Во периодот од земјотресот па се до 2000г.земјиштето во н. Илинден беше национализирано ,а во Марино беше слободно , иако тоа преставува една целина.Тоа е една од главните причини за брзиот растеж на Марино,таму за земјиштето можеше да се врши пренос ,а во Илинден не можеше(беше национализирано) .Денес Марино преставува мешавина на рурален и урбан тип населено место ,како и сите околни населени места ,со развиен стопански сектор,трговија,здраствени,образовни ,спортски и други објекти.


Во овој период на многу брз развој на селото ширењето на селото воглавно се одвиваше надвор од „старо“Марино ,така набрзина се створија неколку нови делови –маала на чисто обработлива површина како што се:маалото наспроти Агроунија –Црквата,маалото во правец на денешната населба Јака,потоа „Бела Земја“со повеќе под маала итн.Овде интересно е да се напомене самоорганизацијата на доселениците да издигнат современи куќи,да тампонираат улици,да изградат електрична мрежа и трансформаторие и други комунални потребштини без никаква општествена помаш ,а тоа да има сепак некаков урбан лик и сето тоа со самофинансирање .


Во сеелото постои новоизградна Црква Св.Троица ,а тој празник е и празник на населеното место.
Демографски растеж на Марино: Во 1922г. имало 22 домаќинства;1941-254 жители ;1948г,-220 жители;1953г.-252 жители;1961-243 жители;1971г.-400 жители;1981г.-2503 жители ;1994г.- 3359 жители;2002г.-3.533 жители и 2016г.се претпоставува дека има околу 4000 жители и 2021-4538 жители .


Денес помеѓу Марино и Илинден и помеѓу Марино и Кадино не постои јасно разграничување,делови од Марино катастарски припаѓат на Марино ,а населението адмнистративно заведено е во Илинден .Исто така еден дел Марино катастарски припаѓа на Кадино ,а административно населението е заведено дека живее во Марино.Нема да помине долго време кога ќе се направи еден спој на населени места и со своите 10-12 илјади жители , идните генерации сигурно ќе ја прeтворат во единствена урбана заедница ,која ќе биде поголема од многу градови во Македонија.

Во периодот 1945-1955г., Марино било дел од тогашната Општина Бунарџик.
Од 1955г.до 1965 г. било во состав на општина Петровец.
Во периодот од 1965 до 1968 било во состав на општина Кале ,
Од 1968 до 1976 година било во состав на општина Гази Баба.
Од1996 година,  е во составот на општина Илинден.

Фотографија на Slagjan Stojanovski Foto Vizija
Припремил: Драги Ангеловски – лични истражувања
,од повеќе извори и од усни кажувања на постари жители.

НАПОМЕНА: ОБЈАВАТА Е ОТВОРЕНА ЗА ДОПОЛНА И КОРЕКЦИЈА.

Претходниот артикал,Свадба на Димитар и Даница-МралиноФотографија од свадбата на Димитар Маринковиќ од Мралино и Даница Гелевска од Миладиновци во 1965 година
Следната статија-Едно од чудата на Свети Наум

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука