*Селото лежи на надморска височина од 320 метри,распослано е во подножјето на Ајватовски Рид., на допирот помеѓу возвишението (429 м) на север и котлинското дно на југ (233 м).
Низ селото минува асфалтниот пат кој води кон општинското седиште Илинден како и кон селата Мршевци Бучинци и Бујковци, а друг пат води кон Бунарџик .
Денешното село Ајватовци потекнува од крајот на XVIII век. Како што е случај со повеќето околни села, претходно тука постоело живеалиште , но тоа најверојатно било уништено и опустело по Карпошовото Востание и Австриско-турската војна во 1690 година, а по неколку века пак се обновило. Основач на Ајватовци кон крајот на XVIII век бил некој Давин, од кого потекнува селскиот род Давиновци. По нив се доселил родот Пешеви, а последен се доселил родот Тасеви. Во првата половина на XIX век Ајватовци станало чифлик на Мемет-бег од Скопје.Во 19 век Ајватовци се наоѓало во Скопската каза, во Отоманското Царство.
До 1912 година сите селани работеле на чифликот, а по заминувањето на Турците добиле земја со аграрната реформа.
Според составот на атарот, селото Ајватовци има полјоделска функција. Населението на Ајватовци поради својата погодна положба највеќе се занимава со земјоделство, односно со полјоделство и сточарство. Од полјоделството најзастапено е одгледувањето на жито, посебно пченица, јачмен и овес, фуражни и индустриски култури како луцерка и граор и др.
Ридскиот терен околу Ајватовци е погоден и за лозарство, па така лозјата се во голема мера застапени во подножјето на ридот непосредно источно и западно од селото. Исто така јужно од селото има и повеќе плански насадени овоштарници,особено во последниве години со нови засади од лешници .
Покрај со земјоделство дел од населението се занимава и со други стопански гранки, односно веќе поголем дел од населението денес работат во фабриките на економската зона „Бунарџик“, Рафинеријата „ОКТА“ и големиот број на индустриски погони и хали во индустриската зона „Илинден“ во непосредна близина на Ајватовци. Од неодамна на самиот почеток на патот кој води кон Ајватовци се подгинати повеќе нови големи погони, продажни салони и стоваришта на компании млекарницата „Суташ“ „DHL“, „Интергрос“ во кои исто така работат жители на Ајватовци.
Во Ајватовци се наоѓа црквата Св.Трифун,во која веќе втора деценија каде се одржува главната винска манифестација кај нас и пошироко свечено закројување на виновата лоза и манифестацијата „Сеем на Виното“.На овој саем на виното наши сограѓани изложуваат свои домашни вина кои ги цени стручна комисија, каде се наградуваат најдобрите-најквалитетните вина произведени во домашни услови.
На ридовите северно од селото во минатото постоела шума, истата била исечена во времето кога Турците правеле барут во соседното село Белимбегово.
Во поново време, почнувајќи од 2008 година со акцијата „Ден на Дрвото“, овие ридови северно од селото активно се пошумуваат со зимзелени дрвја.
Во Ајватовци се наоѓа,односно изграден е еден од најувавите верски објекти во нашата средина,црквата Св.Петар и Павле кој со неговата место положба има поглед на цела скопска околија .Од пред неколку години со изградбата пристапните асфалтен пат,пешачките скали,донесување на вода ,местото стана една од најпосетените дестинација за одмор и рекреација на жителите од околните села и пошироко.
Св.„Петар и Павле“— се наоѓа на ридот над самото село и се забележува како знаменитост од сите страни. Во дворот непосредно до црквата стои стар камен крст, за кој може да се претпостави дека можеби е подигнат во 1844/45 поради натписот на таа година во грбот на Ајватовци кој стои придружните згради во дворот на црквата.Инаку според кажувања на постарите на денешното место на црквата ,селаните поставиле крст кришум од турците и си ги вршеле верските обреди.
Родови:
Населението на Ајватовци од секогаш го сочинувале исклучиво Македонци Во Ајватовци живеат следните родови: Давиновци –слават Св.Никола ,кои се основачи на денешното село,тие најстари доселеници кои дошле од Прилепско пред околу 220 години. Милеви слават Митровден и тие се по потекло од Прилепско,Aџиеви слават Св. Никола потекнуваат од прилепско.
Родовите Божинови Николеви и Аврамови, потекнуваат од ист предок и сите слават Св. Атанасиј, а се доселиле од селото Кокошиње-светиниколско.
Родот Божинови порано бил познат и под прекарот Субашеви.
Родови кои не го знаат местото од каде се доселиле се:
Пешеви слават Митровден,се населиле после родот Давиновци, Јовчеви,Ивкови,Ѓореви,Стеф
Селото Ајватовци забележало мало опаѓање, а меѓу последните 2 пописи и пораст на бројот на жителите и во основа покажува тенденција на демографска стабилност во односно на бројот на населението. Тоа се должи на поволните животни услови кои се резултат на местоположбата и добрата патна поврзаност со Скопје, големиот број економски објекти во непосредната близина итн.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година 1900-190,1908-23 куќи,1912-17 куќи,1915-197, 1941- 351,, 1948-416, 1953-422, 1961-390 , 1971-292, 1981-239, 1994-225, 2002-232,2021- 247 жители.
Како што може да се забележи од горната табела може да се види дека од 1948г. до1961г. Ајватовци беше средно село по својата големина во оваа средина.По Скопскиот земотрес започна помасовно иселување од Ајватовци во Скопје и околните села.Главна причина за иселување од Ајватовци беше немање на сообраќајна врска со Град Скопје и водата за пиење.Со изградбата на водоводниот систем и отварањето на автобуската линија, иселувањето запре , а во последниве години се забележува стабилизирање на тој процес и враќање на дел од тие што се отселиле .
Иселеници од Ајватовци има во соседните села: во Илинден доселени се : Шкодреви,Давиновци ,Јовчеви,Милеви,Тасеви ,Стевкови,Најдеви,Пешеви,,
Во периодот 1945-1955г., селото било дел од тогашната Општина Бунарџик.
Од 1955г.до 1965 г. Ајватовци било во состав на општина Петровец.
Во периодот од 1965 до 1968 било во состав на општина Кале ,
Од 1968 до 1976 година во состав на општина Гази Баба.
Од1996 година, селото Ајватовци е во составот на општина Илинден.