Александра Јанев-ракомет

0
171

Александра Јанев (Стаменковиќ)
Родена е во Илинден ,каде го заврши и основното образование.
Уште како ученичка во О.У.Гоце Делчев покажуваше голем интерс кон спортот,наставникот по физичко воспитание Александар во неа виде талент кој своите спортски квалитети треба да ги изгради во голем и афирмиран ракометен клуб како што тогаш беше КОМЕТАЛ-Ѓ.Петров. Таа со големо задоволство се сеќава на денот кога наставникот ја одведе во Кометал и таму остана како стандарден играч и успешно настапуваше во наредните 4 години.Потоа премина во ЖРК Вардар каде настапуваше 2години и беше најизразен играч-голгетер со просек по 10 –тина гола по натпревар.По заминувањето од Вардар својата спортска кариера ја продолжи во Куманово и Скопје (денес МЕТАЛУРГ).Во својата 10 годишна кариера постигна големи резултати играјќи во домашните и меѓународните натпреварувања.Во меѓувреме покрај успешното бавење со ракометот Александра дипломира ,на факултетот за физичка култура во Скопје .По завршување на спортската кариера беше замолена од Директорот на О.У. Гоце Делчев Александар Младенов, со многу скромни реквизити да отпочне да ги обучува ученичките со ракометни вештини .Александра со малку „страв“ се нафати на таа обврска ,а „стравот“ произлегуваше од едноставна причина што таа со ученичките што требаше да ги тренира беше речиси со иста годишна возраст ,но сепак за тој повик постоеше и прикриена радост од нејзина страна и повикот прифатен. Така со таа нејзина спортска-тренерска активност се родиа првите ркулци на денешната школа за ракомет Р.К.ИЛИНДЕН,во кои успешно дејствуваат женската и машката ракометна екипа веќе 10 години и истата е член на Ракометната АКАДЕМИЈА ВАРДАР.Наназад неколку години РК ИЛИНДЕН учествува на неколку светски кампови и купови во Шведска ,Италија и други.Од оваа ракометна школа –РК ИЛИНДЕН произлегоа голем број ракометари од машката и женската екипа афирмирани и стандардни играчи во врвните македонски ракометни клубови

Претходниот артикал,Ацо Анастасов-Таеквондо
Следната статијаНикола Илиевски-Џиџи

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука