Дејан Десниќ-фудбал

0
201

ДЕЈАН ДЕСНИЌ-поранешен фудбалер.
Роден во Скопје,жител на Кадино-Илинден, богата фудбалска кариера ја започнал околу 1985 година за ФК Кадино.
Но добриот глас многу набргу и далеку се слуша,фубалските стратези на ФК Работнички, кој во тоа време се натпреварувал во третата југословенска лига,први пред сите го довеле младиот талентиран фудбалер Дејан во своите редови.
По неколкугодишен успешен настап за ФК Работнички Дејан Десниќ ,добива покана за настап во еден од најуспешниот клуб во тоа време во земјата и светот,од фудбалски клуб Црвена Ѕвезда од Белград.
Таква понуда од така реномиран клуб дотогаш ниеден фудбалер од нашата средина не добил и Дејан Десниќ станува член на ФК Црвена Ѕвезда.
Како и во многу случаи за многу играчи, богатите и големите фудбалски клубови во преодните рокови во своите редови доведуваат млади и надежни фудбалери ,а потоа ги отстапуваат на други клубови на „калење“,истото му беше понудено и на Дејан .
Но, Дејан таквата понуда е одбива и се враќа во Скопје и станува член на ФК Скопје,каде остана се до пред крајот на својата кариера,а својата фудбалска кариера ја заврши во својот матичен ФК Кадино.
Настапуваше на позицијата крилен и централен напаѓач.
Денес е тренер на ФК Кадино,а воедно фудбалското знаење го споделува тренирајќи ги младите фусблери на Кадино.

Претходниот артикал,Лазе Благојевски-фудбалер
Следната статијаЖарко Десниќ-фудбал

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука