-Коњот,во согласност со народните верувања е верно и предано животно на човекот,се смета за еден од најдобрите и најприврзани пријатели на човекот.
Во случај јавачот што го јава да падне,тој веднаш застанува и не се тргнува од него.
Кога неговиот стопан умира,тој плаче
по умрениот,а својот стопан го следи и на оној свет.
Коњот е подложен на дејство од лоши очи,па затоа се
преземаат соодветни заштитни мерки.
Во
многу делови на Македонија,окулу
неговиот врат се става црвена врвца,на која се обесуваат метални предмети.Се
обесуваат и некој амајлии,меѓу кој и заб од дива свиња.
За заштитник на коњот се веруна дека му е свети
Тодор.
На тој ден кој се паѓа во сабота од првата недела на Големиот пост,посебно се одржуваат обичаи кои треба да придонесат за добро здравје,за плодност на коњите и на луѓето.
Се верува дека ноќта на Тодорова сабота галопираат невидливи коњи,на кој понекогаш јаваат невидливи јавачи,чиишто предводник е свети Тодор.
.Постојат верувања кои укажуваат на врската на коњите со самовилите,тие ги сакаат добрите коњи и со задоволство ги јаваат.










































