Географско–топографска положба на областа блатија.

0
431

Во источниот рамничарски дел на плодната Скопска Котлина, област позната и по називот долна скопска балатија, се наоѓа распослана територијата на селата  кои ги обработуваме на оваа страница  и сите припаѓаат на Општина Илинден.

Инаку долна блатија го зафаќа просторот од Маџари ,па се до крајните источни и североисточни делови од скопската котлина.

Во основа, територијата на овие села  има рамничарска морфологија на теренот што претставува 80% од површината, а 20% е застапена со мал ридест дел во северозападен правец каде што изавршува падината на Скопска Црна Гора.

ПОГЛЕД ОД АЈВАТОВЦИ

Територијата  се наоѓа во непосредна близина на Скопје, од околу 10 км,па до најдалечните села 30 км оддалеченост од потесното градско подрачје.

МИЛАДИНОВЦИ СО ПОГЛЕД КОН ЗОНАТА БУНАРЏИК

  Од запад оваа област-територија се граничи со Општина Гази Баба,од северозапад со Општина Арачиното, од север-североисток со Општина Куманово, а од исток и од југ со Општина Петровец и со Општина Гази Баба.

Поради својата добра географска положба и богатата инфраструктура, оваа област  претставува одлична средина за индустриски и економски развој.

ПОГЛЕД ОД АЈВАТОВЦИ,НА ВИДИК БУЈКОВЦИ И МИЛАДИНОВЦИ

Областа  се наоѓа меѓу 230 и 550 м.н.в., односно помеѓу суво земјиште на исток и на север и барско на јужната и западната страна.

Претходниот артикал,Свадба на Живко и Славица
Следната статијаНА ДЕНЕШЕН ДЕН -15 декември

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука