Легенда за тремот на МАРКОВ МАНАСТИР

0
95

Во 30-тите години на 19 век, на западната страна од црквата во Марковиот манастир, е дограден отворен трем со парична помош на Турчинот Хамзи-паша, кој бил скопски заповедник. Легендата вели дека тој бил голем пријател со скопскиот првенец Аџи Трајко. Тоа е оној кој е посебно заслужен за подигањето на соборната црква Рождество на Пресвета Богородица во 1835 г.,. Се смета дека потеклото на Аџи Трајко е токму од селото Сушица, од каде неговото семејство се преселило во Скопје. Еден летен ден, Авзи-паша и Аџи Трајко прошетале до Марковиот манастир. Кога Авзи-паша видел дека тремот и целата црква е покриена со олово, наредил да се урне и да се извади оловото и тоа да се замени со ќерамиди. Но, враќајќи се кон градот, Авзи-паша прилегнал во убавата природа за да се одмори. Тогаш, сонил страшен сон во кој му се појавил еден воин. Возбуден, пашата се разбудил барајќи го воинот околу себе. Аџи Трајко го одвел пашата повторно пред црквата и му го покажал воинот над влезната врата што тој го сонил – тоа бил свети Димитрија со копјето. Пашата се одоброволил и наредил да не се урива ниту еден дел од црквата, туку да се поправи тремот и некои други делови, онака како што посакувал народот.

Претходниот артикал,НА ДЕНЕШЕН ДЕН 25 ЈАНУАРИ
Следната статијаНаставничката Елена со своето одделение-1999

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука