На поставената маса за венчавање на средината од храмот,покрај другите потребни предмети за извршување на самото венчавање се поставува и „обична чаша“ вино, која свештеникот ја благослови читајќи посебна молитва и им дава на сопружниците да пијат од него три пати, прво мажот, потоа жената.

Ова значи дека тие од тој момент се должни да живеат во непрекинат сојуз, неразделно да управуваат со својот имот и да го користат како заеднички, и да споделат меѓу себе чаша радост и чаша тага, среќа и несреќа. Во македонската традиција ,остатокот од виното се дава и на званиците (кумот,старосватот и деверот). Виното е поврзано со настанот во Кана Галилејска, кога Христос со својата Мајка, Пресвета Богородица и неговите ученици беа на свадба ,и Спасителот ја претвори водата во вино. Припремено од протоереј-ставрофор м-р Драги Костадиновски.








































