НА ДЕНЕШЕН ДЕН 17 ФЕВРУАРИ

0
206

-17 февруари 1946.- во салата на Градскиот народен одбор во Скопје, на повик на Акциониот одбор за основање на Здружение на професионалните новинари на Народна Република Македонија, се состанаа новинарите од следниве скопски редакции: „Нова Македонија”, „Трудбеник” ,„Единство”, Радио Скопје и дописништвото на агенцијата Танјуг и го основаа првото здружение на новинарите во историјата на Македонија. Основачкото Собрание го отвори одговорниот уредник на скопскиот весник “Единство”, Димитар Митрев. Во име на Народната влада на Македонија, Собранието го поздрави др Павел Шатев, министер за правосудство, а во име на македонските книжевници, композитори и артисти, поетот Венко Марковски. После дискусијата за претседател на Здружението на новинарите на Македонија едногласно беше избран Мито Хаџивасилев – Јасмин, одговорен уредник на „Нова Македонија”.

17 февруар 1952.- Во Скопје почина Ангел Динев, македонски општественик и публицист, бескомпромисен борец против великобугарските фалсификации и против сите други негирања на македонската национална историја, односно на македонскиот национален индивидуалитет. Неговата книга „Македонските Славјани“ одигра значајна улога во популаризирањето и смелото истакнување на македонскиот национален индивидуалитет. Роден е во селото Смоквица, Гевгелиско, на 1 октомври 1891 година.

17 февруари 1927.- Во Кавадарци е роден Лазо Каровски, македонски писател и книжевен историчар. Од неговото обемно книжевно дело ќе ја споменеме неговата прва книга поезија за деца „Овчарче“, објавена во 1946 година, и последната, романот за деца „Нека летаат гулабите“, објавена во 1986 година.  Умре во Скопје, на 3 февруари 2000 година.

17 февруари 1947.- Во Битола почна со работа Нижото музичко училиште, кое во 1962 година прерасна во Средно музичко училиште.

17 февруари 1995.- Почина Благоја Корубин, македонски научен работник на полето на македонскиот литературен јазик. Роден е во Прилеп, на 1 март 1921 година.

Претходниот артикал,МОСТ ЕЛЕН СКОК
Следната статијаЗначението на винотo при венчавката во црква

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука