Селата од овој регион како и останатите села од поширокото подрачје на Скопје ја делеле истата историска судбина низ времето како и останатиот дел од Македонија .Низ времето имало многу преселби од едно на друго место ,поради разни непогоди војни,болести и друго.Во подоцнежниот период за време на турско како беговски чивчии се преселувале онаму кај што одел бегот.Националната и вреската структура се менувале сходно на тоа кој владее со населението .Реќиси сите населени места ги имаат променето првобитните живеалишта.И денеска можат да се сретнат разни предмети од домаќинствата или други знаци кои укажуваат дека некогаш тука се одвивал живот.Во понатамошниот текс пласираме кус историски осврт за секое населено место.