„Риклевци“-Илинден

0
249

„РИКЛЕВЦИ“(Ажурирана претходна објава)
И, за овој род, како и за многу други ,се прераскажуваат повеќе верзии за нивното претходно место на живеење ,пред да се доселат во Илинден.
Според една верзија,  потомците на оваа галабија ја сметаат за поверодостојна, нивниот најстар предок Трајко уште во турско  бил дојден од Скопје, но пред да се населат во Илинден живееле и во други  околните скопски села(според, Јован Костаадинов).
 Трајко имал три сина: Васил, Николе и посинетиот Панко.
*Васил имал два сина, Тодор и Ѓорѓи (отселен во Скопје)

– Тодор имал четири сина: Симо, Миле, Славе и Димитрија и две ќерки Марица и Иванка.


 -Симо,првиот син на Тодор, подолго време живееше во Скопје ,денес повторно живее во Илинден ,има две ќерки Наташа и Лилјана.
-Миле вториот син на Тодор има два сина Тоше и Јовица .


-Тоше,син на Миле  има две деца Анастасија и Дамјан.
-Јовица,син на Миле  има три деца Мики ,Филип и Александар .


-Славе третиот син на Тодор има две деца син Зоран и ќерка Силвана.

-Зоран ,син на Славе има ќерка Меланија и син Горјан.


-Димитрија четвртиот син на Тодор има две деца Билјана и Гоце.

-Билјана.ќерка на Димитрија е омажена во Марино има син Константин .

– Гоце,син на Димитрија има три деца Евгенија ,Петар и Милица.

*Николе имал еден син Благоја и три ќерки Даринка,Верка и Донка.
-Благоја во 60-тите години се отселил во Скопје, за потоа повторно да се врати во Илинден.

Денес тука живее Боре, син на Благоја, кој има две деца Никола и Александра.
*Панко имал три сина: Ангеле, Пеце и Трајко, кој, откако починала неговата мајка, бил посвоен од Пурчеви.
-Ангеле,син ана Панко  имал два сина Диме и Драги  и две ќерки Тана и Зора.

– Диме,син на Ангеле има два сина  Трајче и Благоја и две ќерки.

-Драги,син на Ангеле  имал еден син Дејан и една ќерка .

-Пеце имал еден син Трајан и ќерки?? .

-Трајан има два сина Игор и Александар.
Денес, потомците на оваа галабија во Населба Илинден живеат во десет куќи.
Денес презимето на фамилиите од оваа галабија е Атанасовски. Семејството на Панко го слават „Митровден„, а на Николе и Васил го слават „Петковден„.
Податоци ги достави Димитрија Атанасовски ,потомок на галабијата.

***************************************************************************

НАПОМЕНА : Објавата е создадена според усни кажувања, можни се евентуални грешки или недостатоци.

 На Ваше  укажување со факти истите ќе бидат  корегирани, дополнети или отсранети .

Контакт преку порака или коментар,благодариме на разбирањето и соработката.

***************************************************************************

Претходниот артикал,-Црква „Св. Троица“ – Бардовци
Следната статијаНА ДЕНЕШЕН ДЕН-9 ЈУНИ

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука