* 9 јуни 2012 година, од страна на Г. Г. Стефан, поглавар на МПЦ-ОА , беше поставен камен темелник за изградба на новата црква во Населба Илинден. Овој ден, како за црквата, така и за жителите на Населба Илинден е со посебно значење, затоа што на овој ден започна изградба на нова и многу поголема црква од 400 м квадратни и висина од 22 метри.

* 9 јуни 1945, почина Руша Чопова, моминско Делчева ,родена во 1868,македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење. Таа е најстарата сестра на Гоце Делчев

* 9 јуни 1945.- Југославија со Велика Британија и САД постигнаа договор со кој слободната зона Трст е поделена на две окупациски зони – „А“ и „Б“. Првата потпадна под сојузничката, а втората под југословенската воена управа

*9 јуни 1999 година во кампот на француската бригада на НАТО што беше стационаирана на спортскиот аеродром Аџитепе кај Куманово, по петдневни преговори, генералите на СР Југославија и НАТО го потпишаа тн. Воено-технички договор за повлекување на тогашните југословенски (СР Југославија односно Србија и Црна Гора) воени и безбедносни сили од јужната српска покраина Косово.