РОД „ЉОШЕВИ“

0
25

Од овој род во Илинден постојат два под рода деленици ,едните се браќата Живко, Душан и Атанаско, на  кои нивните потомци денес живеат во Населба Илинден и нивни деленици кои денес живеат во Плац-Илинден, доселени се  во 1927 година од с. Бродец.

 Љошеви, делот кои живеат во Плац се браќата: Цветко, Спасо(се отелил во Скопје) и Тодор.

 Цветко ,имал три сина : Божин, Богдан и Никола  .

Божин, првиот син на Цветко бил женет со Милица имале пет сина Владо,Војо,Богољуб,Борис и Димитар и четири ќерки : Ратка, Бисера, Велика и и Мара.

Владо син на Божин и Милица  бил оженет со Верка имале четири деца:Зоран, Фросина, Новица и Слободанка.

Зоран , син на Владо и  Верка имаат две деца син Александар и ќерка………

Слободанка , ќерка на Божин и Милица , била омажена за Томе од Струмица  има еден син и една ќерка.

Војо , син на Божин и Милица бил оженет со Милка,имаат два сина Марјан и Дејан.

Богољуб, син на Божин и Милица  оженет со Круна имаат две деца Славица и Горан.

Славица, ќерка на Богољуб и Круна омажена за Венцислав има две деца Ненад и Ана.

Горан, син на Богољуб и Круна ,оженет со Ирена имаат две деца Паулина и Филип.

Борис , син на Божин и Милица во брак со Лепа има две деца Ацо и Ленче.

Ацо, син на Борис и Лепа оженет со Виолета имаат еден син Стефан.

Ленче, ќерка на Борис и Лепа ,омажена за Душко имаат две деца Александар и Влатко.

Димитар ,син на Божин и Милица  бил оженет со Снежана и имал два сина Јован и Божидар.

Јован, син на Димитар и Снежана оженет со Лиле имаат две ќерки Јована и Марија.

Божидар, син на Димитар и Снежана ,оженет со Елена имаат две деца Бојана и Димитар.

Ратка, ќерка на Божин и Милица била омажена за Трајко во Илинден.

Бисера, ќерка на Божин и Милица била омажена за Владо имаат три ќерки: Верка, Живка, Јагода и Лиле.

Велика, ќерка на Божин и Милица омажена во Лисиче за Драги имала две ќеркиЕлизабета и Весна.

Мара, ќерка на Божин и Милица била мажена за Најдо од Арачиново има син Саше.

 Богдан, вториот  син на Цветко бил оженет со Петкана  од тој брак има син Благоја.

Благоја , син на Богдан и Петкана   ,оженет со Перса имаат четири деца : Живка, Трајче Стојанка и Лепка.

Од вториот врак на Богдан со  Петра имале два  сина Стојан и Миле.

Живка ,ќерка на Благоја и Перса,се омажила за Славе и имаат два сина Горан и Влатко.

Трајче ,син на Благоја и Перса ,оженет со Славица имаат две деца Билјана и Дејан.

Стојанка,ќерка на Благоја и Перса ,мажена за Ѓоко имааат три деца Марија, Милица и Мартин

Лепка, ќерка на Благоја и Перса,мажена за Ѓоко имаат две децаКристина и Бошко.

Стојан , син на Богдан и Петра,оженет со Трајка имаат три ќерки: Маја, Софка и Тања.

Миле, син на Богдан и Петра, оженет со Горица имаат две деца  Јасмина и Богдан

Никола, третиот син на Цветко бил оженет со Еленка имале пет деца :Живко, Томе, Златко , Верка, Љубица и  Десанка.

Живко, син на Никола и Еленка бил оженет со Милена има еден син Звонко.

Томе , син на Никола и Еленка , оженет со Доцка имале две деца Славе и Саше.

Златко , син на Никола и Еленка во брак со Гордана имаат две деца  Даниела и Југослав

Даниела ,ќерка на Златко и Гордана ,омажена за Тони имаат една ќерка Емилија.

Југослав , син на Златко и Гордана  ,оженет со Лилјана имаат две деца Теодор и Калина,

Верка, ќерка на Никола и Еленка омажена за Санде од  Лисиче има две деца Васе и Валентина

Љубица, ќерка на Никола и Еленка ,мажена за Благоја во Радишани има две деца Боби и Светлана.

Тодор,прводоселен заедно со брат му  Цветко  имал син Илија .

Илија , син на Тодор  кој бил оженет со Душанка  имале пет деца: Севда, Бранкица, Драган, Зорка и Сузана.

Драган , син на Илија и Душанка  ,оженет со Даница  има две деца Ивица и Елена.

Нивни деленици се браќата Блажо и Милан. Тие живеат преку автопатот.

Блажо има син Војче

Милан имал син Сречко.

Денес тука живеат осум семејства од оваа галабија. Куќна слава им е „Св. Врачи„

Податоци за Љошеви добиени се од Богољуб Љошев ,потомок на родот 81 г.,Трајче и Златко –потомци на овој род.

НАПОМЕНА :Објавата е отворена за корекција,доплна , помпорака или коментар.

Претходниот артикал,Играорна група при З.П.Илинден-Илинден
Следната статијаРОД „РАДОВИ “

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука