*Селото се наоѓа во источниот дел на Скопската Котлина, блиску до патот Скопје -Куманово. Спаѓа во е рамничарски села , со надморска височина од 290м. Од градот Скопје е оддалечено малку повеќе од 20 км. Атарот е мал и зафаќа простор од 3,8 км2. На него обработливото земјиште зафаќа површина од 218 ха, а на пасишта отпаѓа 120 ха.
Краевите во атарот на селотоги носат следниве имиња :Горно Поле, Бел Камен, Бадем, Голем Рид, Дервен, Острид, Светец, Потсветец, Долно Поле, Каршија и Вакав.
Сега селото има околу 150 куќи и околу триста жители, главно Македонци. Речиси сите се доселени тука во шеесеттите години од минатиот век кога од селото се отселиле претходните жители од турска националност. Турците биле сите жители од Текија кои во тој период, по примерот на многумина свои сонародници од Македонија, решиле да се иселат од селото и да заминат во Турција.Текија или како некогаш било наречено Теќе Ќој,се спомнува уште во 1844/45 во турските евиденции тогаш тука живееле околу14 домаќинства од кои осум биле православни –македонски и 6 турски семејства.
За најстари македонски жители во Текија се спомнува некоја девојка која од Текија се омажила во Романовци околу 1780г.и таму од тој род потекнуваат трите рода : Латини,Ѓорчевци и Ристевци.
За најстар македонски род кој живеел во Текија околу 1860г. ,а потоа се отселил во Кадино бил родот Богдановци.
Во селото постои подрачно основно училиште , клон на ОО У Браќа Миладиновци –Миладиновци.
Демографски податоци:Во 1900г. ималo 90 жители,Во 1921г.имало 100 жители,Во 1948г.имало 164 жители,Во 1953г. имало 207 жители,Во 1961г имало 307 жители,Во 1971г.имало 289 жители ,Во 1981 г. имало 327 жители,Во 1994 г. имало 298 жители и во 2002г. Текија имала 304 жители,во 2021-251 жител.
НЕШТО ЗА КАМЕНОТ И ВОДАТА НА СВЕТА ПЕТКА ВО ТЕКИЈА
Никој не може точно да каже за каменот од каде е донесен ,кој го донел . Само се знае дека е тука откако во селото има луѓе. Според неговата боја и состав, се претпоставува дека каменот не е од овдешното подрачје.
.На ова обележје се изведуваат посебни ритуали за да се добијат деца,а водата од бунарот според многумина е лековита за многу проблеми што ги мачат луѓето.
Но, за каменот и светата вода во друга прилика повеќе, откако ќе се присоберат уште сознанија.

Во периодот 1945-1955г., Текија била дел од тогашната Општина Бунарџик.
Од 1955г.до 1965 г. било во состав на општина Петровец.
Во периодот од 1965 до 1968 било во состав на општина Кале ,
Од 1968 до 1976 година било во состав на општина Гази Баба.
Од1996 година, е во составот на општина Илинден.
НАПОМЕНА :Објавата е отворена за дополна и корекција.