Боби Павловски

0
500

* БОБИ ПАВЛОВСКИ-естраден уметник ,роден 1983г.во Илинден каде и денес живее ,основно образование завршил во О.У.Гоце Делчев од Илинден ,каде започнал активно да се бави со музика во Музичката секција во училиштето.Веќе 14 години присутен е на музичката и има снимено пет песни ,а песните :„Дијагноза“,„Кафанска“ и „Каменот не зборува“ ги снимил самостално за кои има направено и спотови. .Песната „ Каменот не зборува“ ја посветил на неговиот прерано починат татко Слободан Павловски.

Моментално снима нов Албум со ,нови песни .Со својот бенд често настапува во ресторани,дискотеки,кафе барови ,на свадби и други приватни веселби.

Инаку БОБИ потекнува од музичко семејство и татко му Слободан и мајка му Славица беа едни од основачите и долгогодишни фолклористи-играорци на КУД ИЛИНДЕН.

Оваа пролет  пејачот Боби Павловски за Гранд ја издаде својата втора песна со наслов „Тамо негде“ ,која беше одлично прифатена од неговите обожователи. И, двете песни кои ги сработи со Браја и Сале Тропико – „Тамо негде“ и „Метар дана“ одлично поминуваат кај публиката. Во наредниот период Боби спрема позасилен пробив на српскиот пазар.

Населба Илинден на  Боби му посакува успешна музичка кариера.

Претходниот артикал,Злате Антевски
Следната статијаТамара Ангеловска

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука