Славица Георгиевска

0
151
СЛАВИЦА ГЕОРГИЕВСКА ,денес МАРКОВСКА
Беше член пејачката секција на КУД „Илинден“-Илинден,во најславните денови на друштвото.
Иако многу, млада во тоа време нејзините настапи беа богато наградувани со бурни аплаузи изведувајќи ги народните македонски песни . Особен восхит кај публиката предизвикуваше кога ќе ја изведуваше патриотската песна, „Песна Ви пејам Македонци“.Настапувај ќи на многу настапи со друштвото во Македонија и пошироко, и играорците и Славица како пејач, предизвикуваа неверување кај публиката дека се работи за аматерски млади играорци и таа како пејач,при што често пати, тоа мораше да се докажува и потврдува.Така беше и на натпреварувачкиот карактер на емисијата „ЗНАЕЊЕ – ИМАЊЕ“,кога во Сански Мост- Б и Х, беше приговарано од страна на домаќините, дека во нашето друштво настапуваат играорци членови од некои професионални друштва од Скопје и дека Славица не е аматерски пејач, туку дека таа и играорците се членви на некој државен Ансамбл од Македонија, со што се сакаше да се намалат нашите шанси за победа во емисијата.Но, и покрај се МЗ Илинден учествувајќи во тој циклус емисии го освои третото место на државно ниво.На сликата еден од настапите на Славица во придружба на оркестарот на КУД „Илинден“:Цветан Трпевски,Спире,Жарко Велковски,Росе Маџоски.

 

Претходниот артикал,Членови на КУД Илинден Оркестарот (1975-1985)
Следната статијаНовогодишен концерт на АМПИ Илинден

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука