НА ДЕНЕШЕН ДЕН-6 ЈУНИ

0
75

 *6 јуни 2017, илјадници граѓани по улиците на Скопје и на плоштад Македонија , се собраа да ги дочекаат ракометарите на Вардар, по освоената титула во Европската лига на шампиони во Келн, Германија..Во финалето на ракометната Лига на шампионите, го победи францускиот Пари Сен Жермен со 24:23, со што Македонија го доби првиот европски ракометен шампион во машка конкуренција и по 15 години повторно има екипа континентален првак.

* 6 јуни 1922 година во Битола е роден Стерјо Ѓоргиевски, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија. По професија бил чевлар. Бил сакан и ценет меѓу работниците, што пак му овозможило во 1939 г. да биде еден од главните организатори на штрајкот на чевларските работници во Битола.По формирањето на Битолско-преспанскиот партизански одред „Даме Груев“ станал негов борец. По одржаниот митинг на Одредот во селото Сопотско, Ресенско, кога започнала борба со бугарските воено-полициски сили и бил убиен на 22 октомври 1942 година.

* 6 ЈУНИ 1923г. во село Раково, Егејски дел на Македонија, е роден Гавро ПАНОВСКИ-Јуноша, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија. Како ученик во седми клас заминал во партизани и бил борец во првиот борбен строј на Битолско-преспанскиот партизански одред „Даме Груев“. Со овој одред учествувал во акцијата на 2 август во селото Смилево. На 22 октомври 1942 г. учествувал во партизанската акција во селото Сопотско, Ресенско. Зимата 1942 и 1943 г. бил на партиска работа во Егејскиот дел на Македонија, а пролетта 1943 г. се вклучил во Партизанскиот одред „Вичо“ на грчката народноослободителна војска ЕЛАС. Заедно со тамошните македонски и грчки партизани учестувал во борбите против бугарските контрачети и грчките националистички и квинслишки воени формации во Леринско и Костурско. Од мај 1943 г. се наоѓал во Битолскиот партизански одред „Гоце Делчев“, а од таму набрзо бил земен за курир на Главниот штаб на Народноослободителната војска и партизанскиоте одреди на Македонија (НОВ и ПОМ). Учествувал во завршните операции за ослободување на Македонија.Бил носител на низа признанија, меѓу кои и Партизанска споменица 1941 и Орден за храброст. Починал во Битола на 28 март 2014 г.

* 6 јуни 1932.  Во Крива Паланка е родена Милица Стојанова, македонска театарска, филмска и телевизиска актерка. По завршувањето на Средната театарска школа во Скопје, работела во Радиодрамата во Скопје, а потоа во Драмата на МНТ од 1953 до 1964 година. Од 1964 година па се до пензионирањето била во Драмскиот театар во Скопје. Добитник е на повеќе високи признанија – на највисоката Републичка награда „11 Октомври“за ролја и за животно дело, потоа на Наградата на градот Скопје „13 Ноември“, на Стериината награда на Театарските игри во Нови Сад, како и на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ во  Прилеп. Два пати била прогласена за артист на годината од страна на ревијата „Екран“ од Скопје.

* 6 јуни 1944 година, со најголемата поморско-десантна операција во историјата на Нормандија, Франција.Наречена и операција Оверлорд затоа што преку Англискиот канал, во повеќе од 5.000 бродови и 10.000 авиони биле превезени 156.000 американски, британски и канадски трупи. Под команда на генерал Двајт Ајзенхауер, сојузничките сили си истовариле на пет плажи на Нормандискиот брег и набрзо воспоставиле логорски територии, и покрај силниот германски отпор и тешките загуби на плажата Омаха и Џуно. Сојзуничката авионска надмоќност го спречила брзото зајакнување на германските сили, а несложувањето помеѓу Адолф Хитлер и неговите генерали била причина за одолговлечените круцијални контранапади.Иако биле забавени од тешката борба во близина на Шербур и околу Кан, сојузничките копнени трупи ги пробиле десантните основи во средината на јули и започнале со брзо напредување низ северна Франција. Нормандиската битка традиционално се смета дека завршила со ослободувањето на Париз на 25 август 1944 година.

* 6 јуни 1951.- Во Скопје, на иницијатива на Македонци повратници од странство, културни и општествени работници, во и надвор од Република Македонија, во форма на здружение на граѓани е регистрирана „Матица на иселеници од Македонија“

* 6 јуни 1932.- Во Скопје е родена Мирослава Ралева, македонски книжевен и научно-стручен преведувач, долгогодишен директор на Школата за странски јазици. Пред се преведуваше на македонски јазик дела од француски јазик. Умре во Скопје, на 16 февруари 1986 година.

Претходниот артикал,СТОЈАНЧЕ НИКОЛОВСКИ –ФОЛКЛОРИСТ
Следната статијаДиме Бибамовски -поранешен фудбалер

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука