НА ДЕНЕШЕН ДЕН-19 ЈУЛИ

0
823

Насловната фотографија е од пуштаањето во уптреба на повеќенаменското игралиште

*19 јули 2013 Во населба Илинден започна со изградбата Повеќенаменското игралиштето ќе може да се користи деноноќно и ќе биде место за собирање на младите генерации, како и основа за создавање на здрава младина и одлична превентива од пороците на модерното живеење.

*19 Јуни 1918 година во Прилеп.роден е Илија Милчин, големиот актер, режисер, јазичар, преведувач и професор Илија Милчин.Почина на 11 Март 2002та година.

*19 јули 1921.- Во Прилеп е роден Борка Талески, народен херој на Македонија. Тој е непосреден организатор на востанието на 11 октомври. Борка е син на Спасија и Петре Талески. Дедо му Тале бил фурнаџија. Со одличен успех го завршил средното образование и по желба на домашните се запишал на Медицинскиот факултет во Белград во 1939 година. Во 1940 година се одржала големата Илинденска демонстрација во Прилеп, после масовниот излет на Шаторов Камен. Борка Талески бил првиот говорник пред насобраната толпа народ во Прилеп. Тој зборувал за независност и самобитност на македонскиот народ и на Македонија, а особено имал познавања од Илинденскиот период. Поради овој настан Борка бил уапсен од властите. Тој бил држен во затворот на Ада Циганлија во Белград, а потоа во логорот Ивањица. Од 9 до 19 октомври Борка бил меѓу партизаните по планините околу Прилеп, во период кога е извршен нападот на Прилеп на 11 октомври 1941 година. Во 1942 година повторно оперирал во Прилеп, за подоцнаТалески починал во блзиина на селото Плетвар на 2 март 1942 година. Според полицискиот билтен од 20 март 1942 година, потврдено е дека предавството го извршил тогашниот кмет на селото Царевиќ.На 11 октомври 1951 година Борка Талески бил е прогласен за народен херој на Македонија.

*19 јули 1954 ,починала Малина Попиванова — македонска револуционерка. Во револуционерното движење се вклучува многу млада, уште за време на школувањето. Во 1919 година е затворена од страна на бугарската полиција за време на демонстрации во Софија. Заедно со неа се затворени и другите членови на семејството Попиванови, родителите и браќата Иван и Цеко. Есента 1924 година, по налог на ЦК КПЈ заминува на школување во СССРи станува првата Mакедонка која ќе дојде во Советскиот Сојуз во партиска школа, односно во Комунистичкиот универзитет „Свердлов“, кој го завршува во 1928 г. На 28 ноември 1963 со одлука на Воениот колегиум на Врховниот суд на СССР, заедно со својот татко Стефан политички е рехабилитирана и заведена како Македонка. Овој податок е земен од формуларот-прашалник што таа го пополнила во 1932 година кога барала лична карта на Советскиот Сојуз, каде во рубриката „националност“ напишала – Македонка.

*19 јули 1985,роден е Ванче Шиков —македонски фудбалер.

*19 јули 1993.- Република Македонија стана 175 членка на УНЕСКО.

*19 јули 1998.- Во Скопје умре Душко Аврамов, македонски писател за деца. Во 1970 година ја објави неговата прва книга „Славејот на одмор“, а во 1996 година последната – „Стевче смелче“. Роден е во Скопје, на 29 април 1938 година.

*19 јули 2010.- Умре Дејвид Ворен, австралиски пронаоѓач на „црната кутија“. Почнал да работи на овој апарат во 1953 година по учеството во истрагата за несреќата на еден авион. Прототипот кој го направил во 1956 година австралиската Управа за цивилно воздухопловство го отфрли како безвреден. „Црната кутија“ денеска е задолжителен составен дел на сите авиони.

*19 јули 2017  Новиот моторен воз од кинеско производство што беше набавен пред околу две години, конечно пристигна во Кочани. Набавката на нови електрични и моторни композиции од Кина, “Македонски железници“ ја реализираше во текот на летото 2015 година. До сега во функција беа пуштени композициите на сите релации, освен кон Кочани. Причината за тоа, неофицијално, се оправдуваше поради состојбата во која се наоѓа пругата, односно потребата за нејзина реконструкција.

Претходниот артикал,Преподобен Сисое Велики.
Следната статијаАХ, ТИЕ КИЛОГРАМИ

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука