-10 до 14 февруари 1982г.Месната Заедница Илинден учествуваше во емисијата „ЗНАЕЊЕ – ИМАЊЕ“, беше гостин на М.З. Томина –Сански Мост ,БИХ. 55 члената делегација од М.З.Илинден три дена беше гостин,а емисијата беше пренесувана од ЈРТ.Во оваа емисија бевме прогласени како трета наградена Месна Заедница во овој циклус на ниво на Југославија .Во составот на М.З. Илинден учествуваа комлет КУД Илиндин,ФК Илинден ,напредни земјоделци и по еден преставник од раководните структури на Месната Заедница.За време на престојот КУД Илинден покрај настапот во емисијата друштвот одржа и неколку концерти за месното население, а на домаќините не им се веруваше дека ова е аматерско друштво туку јавно ни приговараа дека сме донеле некоја постава од Танец. Фудбалерите на ФК Илинден одигра фудбалски натпревар со домашниот тим, а негови поединци учествуваа во повеќе спортски дисциплини,кои беа предвидени во емисијата.Сместувањето на нашите членови беше кај поединци жители во Томина , стекнатото пријателство од поединци се негува и до ден денес.

-10 февруари 1515.- Во Софија, Ѓорѓи Кратовски, христијански светец, поради одбивање да го прими исламот, жив бил изгорен од страна на турската власт. По неговата смрт бил прогласен за светец од страна на Синодот на Охридската архиепископија, како и од Руската, Бугарската и Српската православна црква. Роден бил во Кратово, во 1497 година.

– 10 февруари 1922 г. починал Христо Матов – професор, револуционер и еден од идеолозите на Македонската Револуционерна Организација (МРО). Бил член на Централниот Комитет и задграничното претседателство на Организацијата, а по Илинденското востание е главен идеолог на Конзервативната струја и е водач на десницата во Организацијата.

–10 февруари 1903.- Во селото Крушево, Демирхисарско, егејскиот дел на Македонија, излезе првиот број на хектографскиот весник „Слобода или смрт“. Го подготвуваше Пеју Јаворов. Весникот беше со цел да ги одреди задачите и павецот на претстојното востание во Македонија. На 12 април истата година излезе последниот, дванаесетти број.
–10 февруари 1908.- Во Скопје е роден Ѓорѓи Попов, македонски скијачки учител и судија и фотограф. Водеше многу курсеви за оспособување на стручни кадри во Македонија, а како фотограф овековечи многу моменти од развојот на скијаштвото во Македонија, посебно на Попова Шапка и во Маврово. Умре на 31 август 1979 година.

-10 февруари 1956г.во училиштето Гоце Делчев во Илинден беше прекината наставата поради голем студ.

–10 февруари 1978.- Во Скопје умре Паскал Митревски, учесник во НОВ против фашизмот и во Граѓанската војна во Грција. Роден е во селото Чука, Костурско, на 15 февруари 1912 година.
–10 февруари 1996.- Компјутерот наречен „Длабоко сино“, влезе во шаховската историја со победата врз светскиот првак Гари Каспаров.










































