НА ДЕНЕШЕН ДЕН -10 Ноември

0
168

                                                        

* 10 ноември 1932г.,за прв пат е отворена цвеќарница во Скопје

* 10 ноември е Светски младински ден

* 10 ноември е Светски ден на науката

*10 Ноември 1856 – Во Скопје, Јордан Хаџи Константинов-Џинот ја напишал, иако не ја објавил, најдолгата македонска песна дотогаш. Тоа била Горка чаша књез Лазара – последна тајна вечера.

*10 Ноември 1889 – Српското Министерство за надворешни работи му дало одобрение на своето пратеништво во Цариград за печатење на останатите учебници на македонски јазик од серијата српски учебници наменети за училиштата во Македонија. Според еден извештај на српскиот пратеник во Цариград, Стојан Новаковиќ, веќе биле подготвени неколку учебници на македонски јазик и на други учебни помагала за кои се чекало одобрение од српската влада за да можат да влезат во печат.

* 10 ноември1931.- Во Скопје е роден Тома Прошев, македонски композитор, еден од најплодните музички творци. Познати се неговите опери “Пајажина”, “Малиот принц” и “Аретеј”, како и многу други дела. Умре во Загреб, на 12 септември 1996 година.

* 10 ноември 1938 година во Истанбул, Турција, умрел Мустафа Кемал-паша наречен Ататурк – татко на Турците, турски револуционер и државник. Извршил значајни реформи во земјата, прокламирајќи еднаквост на сите граѓани, забрана за фесот, зарот и фереџето и воведувајќи го латиничното писмо наместо арапското. Вовел и многу други реформи од социјален, економски и културен аспект, па со право се нарекува татко на модерна Турција. Роден е во Солун во 1880 година. 

*10 Ноември 1944 – Во Прилеп беше основано Здружение на македонските уметници, всушност организација само на ликовните уметници. Во управата беа избрани: Никола Мартиноски – претседател, Василие Поповиќ-Цицо – секретар, Томо Владимирски – благајник, Димо Тодоровски и Здравко Блажиќ – членови. Основачката конференција пред своите членови, во основа, постави пет задачи: обединување на сите уметници во Македонија; поддршка на уметниците за поуспешна работа; пропагирање на сите уметнички форми преку работа; отворање курсеви за оспособување на уметници-аматери и за наставници по цртање; и основање на уметничко училиште во Скопје.

10 ноември 1946 година, во Сомбор – соседна Србија,роден е Драган Мутибариќ, најголемото голманско име во фудбалскиот клуб Вардар од основањето, далечната 1947 до ден денес, Со успех настапува меѓу вардаровите стативи, најпрвин од 1966-тата до 1975-тата, а потоа и од 1979-тата до 1983-тата година.Во тимот на Вардар има брането на вкупно 461 натпревар, од кои 256 се првенствени средби и според бројот на настапите се наоѓа на четвртото место во богатата клупска историја.Човекот кој остави неизбришливи траги со неговите бравурозни интервенции, во неколку наврати работеше и како тренер на голманите во првиот тим и младинските екипи на Вардар. Токму како  член на стручниот штаб, Мутибариќ може да се пофали и со четири освоени трофеи во државното првенство (сезона: 1992/93, 1993/94, 1994/95 и 2002/03) и еден во националниот куп (1997/98) во независна Република Македонија.Беше и државен репрезентативец на Југославија.

* 10 ноември 1968.- умре Јован Бошковски, македонски писател, книжевен и филмски критичар, преведувач и сценарист. Најпознати негови дела се “Растрел”, “Бегалци”, “Блокада”, “Луѓе и птици”, “Солунските атентатори” и други. Автор е на сценаријата на филмовите “Солунските атентатори”, “Под исто небо”, а се појавува и како соработник на сценаријата за филмовите “Мементо” и “Републиката во пламен”. Роден е во Скопје, на 25 декември 1920 година.

* 10 ноември 1994.- Во Брисел е отворена светската изложба на пронајдоци, истражување и индустриски иновации “Еурека 94”, на која Македонија за првпат беше самостојно претставена. На изложбата учествуваа 32 земји со околу 1.200 пронајдоци. Македонија беше претставена преку законот за заштита на индустриската сопственост.

*10 ноември  2006 година во Скопје,почина Вера Ацева,народен херој на Македонија

Претходниот артикал,АЈРИ ДЕМИРОВСКИ -битолски песнописец и песнопоец.
Следната статијаМАСТИКА

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука