Признанија од сите страни за сестрите Соколовски,едни од најдобрите во ритмичка гимнастика во Германија
Нашите девојчиња млади спортистки сестрите Илина (13) и Ева (9) Соколовски со прво и трето место ја завршија сезоната на натпревари по ритмичка гимнастика во Германија.
Ева во завршниот турнир го освои првото место, односно златниот медал во нејзината категорија, додека Илина го освои бронзениот медал, односно третото место.

„Илина и Ева досега од ниеден турнир не се вратиле без пехар. Ева досега има 12 натпревари и од сите 12 се вратила со прво место. Илина иако има 12 години од последнава сезона поради големиот талент се натпреварува во категорија на спортисти во групата од 15-16 години.
И двете се со македонски пасош, сепак, Германија многу вложува во нивниот талент и во клубот каде тренираат доаѓаат светски тренери да им ги покажат вештините во овој спорт“

Илина и Ева наскоро доаѓаат во својот Илинден и Македонија на летен одмор , каде нивната бројна фамилија со нетрпение ги очекува.

Од есен ги очекува нова сезона каде очекуваме нови успеси,затоа тие и летниот одмор секој ден со наши тренери ќе вежбаат по неколку часа на ден,како што истакна нивниот татко, Горан Соколовски.









































