- 18 октомври1898.- Во Прилеп е родена Васка Циривири, носител на “Партизанска споменица 1941”, прв претседател на АФЖ на Македонија, мајка на две ќерки, борци во НОВ на Македонија, кои храбро загинаа во текот на војната. Умре во Скопје, на 13 јануари 1984 година.
* 18 октомври1867.- Владата на Соединетите Американски Држави го купи од Русија полуостровот Алјаска за седум милиони и двесте илјади долари.
* 18 октомври1912.- Почна Првата балканска војна која Србија, Црна Гора и Бугарија, ја водеа против Османлиското царство. Војната заврши со примирје на 3 декември истата година. На Мировната конференција во Лондон, на 30 мај 1913 година Турција мораше да се откаже од сите имоти во Европа, освен од Едрене, кое сојузниците не успеаја да го заземат. Македонскиот народ зеде активно учество во војната, очекувајќи дека ќе се избори за слобода и независност. Но, наместо тоа, сојузниците ја поделија Македонија, што, пак, поради “несоодветната поделеност”, беше причина за почетокот на Втората балканска војна.
* 18 октомври 1931.- Во Вест Оринџ, умре Томас Алва Едисон, голем американски пронаоѓач кој го задолжи светот со голем број технички откритија од кои речиси сите се сврзани со употребата на електрична струја. Тој изгради прва електрична централа, ги измисли светилката, монографот (грамофонот), микрофонот, ги усоврши телеграфот, динамо-машината и друго. Современиците го сметаа за “прв добротвор на човештвото”. Роден е во Мајлен во 1847 година.
*18 октомври 1943 година, во 12.15 часот, 24 лесни бомбардери во Велингтон и борбени авиони П-38 осветлување го нападнаа Скопје – 40 згради беа уништени, 60 лица беа убиени, а 23 беа повредени. Истиот ден беа нападнати Велешката станица и градот Велез – петмина беа убиени, а едно лице повредено. Во 16.22 часот е нападната скопската станица, 5 загинати и 15 повредени-Angel Janevski
- 18 октомври 1955г. од фабриката „Застава“-Крагуевац излезе првото произведено „ФИЧО“,кое кошташе 50 просечни плати во тогашната држава.На истиот датум во 1985 година престана да се произведува ,а тогашната цена му беше 15 просечни плати.За време на неговото роизводство ,произведени се 2,5 милиони модели на фиат-750.
* 18 октомври 1967.- Како прва во историјата на космонаутиката, советската атомска меѓупланетарна станица “Венера-4”, спушти научна лабораторија на површината на планетата Венера. Со автоматските апарати успешно се испитани атмосферата и површината на планетата.
* 18 октомври1998.- Во Република Македонија се одржаа вторите (по осамостојувањето) парламентарни избори.